Граѓанскиот ресурсен центар заедно со Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата ги кани граѓанските организации и сите заинтересирани на консултативни средби за Нацрт-извештајот за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024. Консултативните средби ќе се одржат на 14 март во Гостивар, 15 март во Скопје и 16 март во Штип.
Целта на консултативните средби е презентирање на Нацр-извештајот за спроведувањето на Стратегијата и Акцискиот план во 2022 година и отворање дискусија со граѓанските организации за статусот на спроведувањето на активностите и вредностите на индикаторите наведени во Стратегијата. Граѓанските организации ќе имаат можност на настанот да дадат и свои предлози за приоритетите и спроведувањето на Стратегијата во следниот период.
9:45 – 10:00 | Регистрација и кафе |
10:00 – 10:30 | Презентација на Нацрт-Извештај за напредокот во спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024 и постигнување на стратешките и оперативните цели во 2022 година Сузана Никодијевиќ-Филиповска, Генерален секретаријат на Владата Модератор: Валентина Величковска, Граѓански ресурсен центар |
10:30 – 11:30 | Работа во 3 групи по приоритетни области од Стратегијата, дискусија за статусот на спроведување на активностите и вредноста на индикаторите, модерирана од вработени во Одделението за соработка со невладини организации |
11:30 – 12:00 | Презентација на препораките од работата во групи |
12:00 – 13:00 | Коктел |
Овој настан е дел од проектот “ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, Медиа плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ од Гостивар.