fbpx

Инструментот за самооценка покажа дека граѓанските организации сметаат дека се најдобри во делот на организациски вредности, посветеност и култура

6 Авг 2024

Од ноември 2023 година до сега, вкупно 199 организации го пополнија Инструментот на ГРЦ за самооценка на организациските капацитети, идентификувајќи ги своите организациски капацитети за да бидат компетентни, ефикасни, ефективни, отчетни и одржливи, независни чинители.  Овие организации се оценија со збирна, просечна оценка 3.92, од можна, највисока просечна оценка 5 .

Сумираните резултати од пополнетите самооценки покажуваат дека организациите најдобро се имаат оценето во категоријата: “Организациски вредности, посветеност и култура“, со средна оценка 4,21 (од можна највисока оценка 5), односно во следниве области опфатени со оваа категорија: организациска култура, организациска доверба, посветеност на раководството и персоналот кон напредокот на организацијата и политиката на организацијата за спречување судир на интереси. Најниска оценка во задолжителните категории кои влегуваат во збирната оценка на организацијата, има добиено категоријата: “Човечки ресурси“, оценета со средна оценка 3,62 (од можна највисока оценка 5), за следниве области кои влегуваат во оваа категорија: процедури и пракси за селекција на персонал, системи за наградување и мотивација на персоналот, систем за привлекување членови и волонтери, административни и менаџерски капацитети на персоналот и системи/програми за јакнење на капацитетите на персоналот.

Очекувано, најслаби оценки имаат категориите поврзани со капацитетите на организациите за застапување (3,67) и испорака на услуги (3,32), кои се опционални, бидејќи не сите организации во својата мисија и генерални цели ги имаат застапувањето и испораката на услуги како компоненти кои ги практикуваат во своето делување.

Како последователна активност на инструментот за самооценка е менторската поддршка на организациите за добивање подетални насоки за областите во кои им е потребно јакнење на организациските капацитети, како и договарање дополнителни можности за градење на нивните капацитети. Така, од вкупно 22 менторски сесии одржани од 2023 година, 7 беа посветени на самооценката на организациските капацитети.

 Со цел постојано да има слика каде организациите сметаат дека имаат потреба од јакнење на нивните капацитети, кои се нивните јаки и слаби страни, ГРЦ и во иднина ќе ги поттикнува организациите да го пополнуваат Инструментот за самооценка на организацискте капацитети и на ваков начин, јавно, ќе продолжи да ги објавува сумарните самооценки, кои може да бидат употребени од страна на различни чинители кои работат во областа на поддршка и развој на граѓанското општество.

Инструментот за самооценка на организациски капацитети е изготвен во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...