fbpx

Големи очекувања, а мали проекти во Виница

15 Мар 2019

Главните предизвици со кои се соочуваат здруженијата од Виница се однесуваат на недостаток на едуциран кадар за пишување апликации, како и сложени и обемни процедури при аплицирање за грантови со мали износи. Тоа го истакнаа претставниците на граѓанските организации од Виница за време на Мобилниот ресурсен центар на 28 февруари во просториите на здружението Иницијатива на невработени интелектуалци (ИНИ) од Виница.

Ограничените ресурси и капацитети се главнa причина за мноштвото краткорочни проекти кои не предизвикуваат големо влијание во заедницата. Во однос на локалните потреби, приоритет се инфраструктурните проекти. Со цел да се зголеми одржливоста на ваквите проекти, потребна е поголема соработка со општините и иницирање за заедничко аплицирање на активните повици.

Недостатокот на кадар е проблем на повеќето организации. Исто така, организациите сметаат на младите за нивно вклучување како волонтери, но тие пак не се заинтересирани да се вклучат во граѓанскиот сектор. Во моментов организациите не размислуваат за вметнување програми за волонтери и ад-хок го решаваат овој проблем.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар оствари средба и со претставниците на Општина Виница на која дискутираше за соработката со граѓанскиот сектор. Во моментов не постои Стратегија за соработка меѓу општината и здруженијата, а сепак општината обезбедува материјална и финансиска поддршка за нив.

Локалната самоуправа доделува финансиска помош на организациите на годишно ниво преку отворен повик. За 2019 година планирано е општината да додели 500.000 денари за граѓански организации и 1.000.000 денари за спортските клубови и здруженија. И покрај тоа, не постои утврдена методологија за доделување на средствата и следење на трошењето.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...