Презентации од спроведената Програма за градење капацитети на граѓанските организации
Во рамките на Програмата за градење капацитети на Граѓанскиот ресурсен центар беа спроведени 21 обука, 9 работилници и 29 менторски сесии опфаќајќи над 450 претставници на граѓански организации а со тоа значително придонесувајќи кон јакнење на капацитетите на граѓанските организации.
Програмата ги опфати следните теми: добро управување на ГО; институционален развој и организациско јакнење; комуникации и видливост на ГО; генерирање фондови и мобилизација на ресурси; транспарентност и отчетност; тематско вмрежување, градење партнерства и коалиции; граѓанско учество во донесување одлуки на локално ниво;
финансиско управување, финансиска транспарентност и отчетност; истражување и методи на истражување; развивање на проектна идеа и подготвување на проектна апликација; мониторинг и евалуација на работењето на ГО; управување со проекти; волонтерство; примена на теорија на промени; вклучување на конституентите во работењето на ГО; управување со човечки ресурси; стратешко планирање.
Но, нашите напори за јакнење на граѓанското општество не застануваат тука. Со цел да овозможиме пристап до материјалите користени на овие обуки за сите организации во продолжение следат презентациите.