Обука за волонтерство
Оваа обука ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат своето знаење за основните принципи на волонтерството и волонтерските вредности, да се запознаат со системот за ефективен волонтерски менаџмент во граѓанските организации, за законската регулатива која го регулира волонтерството и чекорите за креирање на програма за волонтирање.
Златко Талевски
Обучувач
Што ќе научиш преку онлајн обука?
Основни принципи на волонтерството и волонтерски вредности
Разлики во концепти: волонтирање, практиканство, стажирање и помагање во заедницата
Циклус на ефективен волонтерски менаџмент во граѓански организации
За кого е наменета оваа обука?
Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации
Потребни предзнаења
За учество во оваа обука не се потребни предзнаења
ЛЕКЦИИ ПО E-MAIL
Предавањето и материјалите ќе ги добиеш по e-mail
ВИДЕО ЛЕКЦИИ
Предавањето е во видео формат, може да се следи на било каков уред
ВРЕМЕТРАЊЕ
Обуката се состои од еден модул во времетраење од околу 10 минути
ИНТЕРАКЦИЈА
Провери го наученото преку онлајн квиз за проверка на знаењето
Обучувач: Златко Талевски
Златко Талевски има над 20 годишно искуство на работа во граѓански организации како Извршен директор на Младински културен центар – Битола, а доминантни сфери на интерес и специјалност му се развојот на граѓанското општество, граѓанскиот активизам и волонтерството. Како обучувач и фасилитатор има над 15 годишно искуство во подготовка и испорачување на обуки на меѓународни и национални обуки како и во менторска поддршка на граѓански организации за развој на добри практики на организациско ниво, прибирање на средства и мобилизација на ресурси, застапување и креирање на политики, финансиски менаџмент на ГО, волонтерски менаџмент, вмрежување, соработка и градење на партнерства. Автор е на „Националниот извештај за состојбата со волонтерството“ во Северна Македонија публикуван од Европскиот волонтерски центар од Брисел во 2012 година, како и дополнетата верзија објавена во декември 2020 година. Златко Талевски е автор и на „Прирачникот за управување со волонтери во граѓанските организации“ публикуван во 2022 година.