НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ
За менструална правда
Спроведуван од: Организација на жени на општина Битола – Битола
КО-АПЛИКАНТ: Саншајн Кидс
ЛОКАЦИЈА: Битола и Кичево / Пелагониски регион
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Да се зголеми свеста и да се промовира правото на менструално здравје и хигиена, со акцент на достапноста на менструални производи, образованието за менструација и разбивањето на менструалната стигма.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
- Зголемено знаење за менструалното здравје и подобрени ставови кон менструацијата, намалување на стигмата;
- Зголемен пристап до менструални производи за девојчиња на кои им е потребна. Засилено вклучување на заедницата и поддршка за иницијативи за менструално здравје и создавање на одржлива мрежа за ресурси за постојана поддршка;
- Засилена емоционална поддршка и заедница меѓу учесничките. Развој на лидерски вештини кај врсничките лидерки и зголемена самодоверба во дискусијата за здравствени проблеми со менструацијата.
ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД
1 јануари – 30 септември 2025
БУЏЕТ
614.500 МКД