НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ
„НИЕ МОЖЕМЕ – Итна солидарна акција“
Спроведуван од: Здружение на граѓани за промовирање на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Општа цел на проектот е да им помогне на ранливите категории на граѓани поуспешно да се справат со проблемите, предизвиците и последиците од пандемијата на КОВИД-19.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Р.1. На најмалку 400 граѓани од ранливите категории да им биде обезбедена навремена и разбирлива информација како треба да постапуваат да се заштитат себе си и другите од КОВИД-19 и да придонесат кон спречување на ширење на вирусот, согласно мерките и препораката на Владата
Р.2. На најмалку 200 граѓани од ранливите категории да им биде доставена хуманитарна помош во храна, средства за лична хигиена, санитетски и заштитни материјали
Р.3. Најмалку 100 пакети со хуманитарна помош да бидат обезбедени преку кампањата за донирање на финансиски средства „НИЕ МОЖЕМЕ“
ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД
1 мај 2020 – 30 јуни 2020
БУЏЕТ
74.470 МКД