fbpx

Зголемени знаења и вештини на граѓанските активисти од општина Чашка за подготовка на успешни проектни апликации

2 Апр 2024

На работилница одржана на 28-29 март 2024 во општина Чашка, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжи да ги јакне граѓанските организации на теми поврзани со планирање проекти и пишување на проектни апликации.

На работилницата одржана во Салата на Советот на општина Чашкакако последователна активност на онлајн Обуката за планирање  проекти и пишување проектна апликација, граѓанските активисти од оваа општина го зголемија своето знаење и вештини за развој на проектна идеја и планирање на проект, анализа на проблеми, анализа на цели и избор на проектна стратегија, пристап на логичка рамка, логика на интервенција, индикатори за проверка на успехот на проектот, претпоставки и ризици. Тие стекнаа знаења и за алокација на ресурси за планираните активности и подготовка на буџет за проектот. Преку практичните вежби, учесниците  стекнаа знаења за пополнување на формата за аплицирање и нејзино поврзување со логичката рамка.

Присутните граѓански активисти го изразија своето задоволство преку практична работа да се стекнат со вештини за подготовка на апликации.

Преку работилницата за планирање проекти и пишување проектни апликации имав можност да стекнам нови знаења за дијаграмот на проблеми, цели и логичка рамка, со што успеав да ги надоградам моите знаења и да стекнам нови знаења од оваа област. Преку практичната работа и помошта на експертите се надевам дека нашата наредна проектна апликација ќе биде со позитивни резултати“, рече Јованче Николовски од Културно уметничкото друштво “Тодор Јанев“ од Чашка.

И за останатите учесници практичната работа и дискусиите на темата беа корисни.

На работилницата имавме прилика да се здобиеме со теоретски и практични знаења во поглед на планирање проекти и пишување проектни апликации кои сметам дека ќе ни бидат многу корисни во понатамошното работење“, рече Марија Андреевска од Училишниот спортски клуб Петар Поп Арсов од с. Богомила. “Од страна на предавачите јасно и концизно ни беше пренесен алгоритамот за изработка на проект“ додаде таа.

Оваа работилница произлезе од интересот на локалните организации за градење на нивните капацитети за планирање проекти, искажан при посетата на Мобилниот ресурсен центар одржан во Чашка во март 2024. Во следниот период и во други општини ќе бидат организирани работилници на истата тема со цел, што е можно поголем број заинтересирани претставници на граѓанските организации да имаат можност да учествуваат.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...