Здруженијата од Куманово добиваат само „декларативна поддршка“

21 Јун 2019

Општина Куманово нема објавено повик за доделување средства од општинскиот буџет за граѓанските организации, рекоа локалните здруженија за време на Мобилниот ресурсен центар кој се одржа на 13 јуни во просториите на Националниот ромски центар. Во иднина очекуваат поголема транспарентност на општината особено при финансирањето на граѓанските организации.

За време на средбата, претставниците ја искажаа потребата од помош при раководење со проектен циклус, од пишување апликации до самото спроведување на проектите. Тие се соочуваат со комплицирани административни процедури за кои најмуваат надворешни луѓе, а самите организации остануваат со слаби капацитети.  

Кумановските здруженија се незадоволни од соработката со институциите од кои добиваат само „декларативна поддршка“. Претставниците на институциите не се појавуваат на клучни настани, а исто така не ги поддржуваат при реализација на активностите. Оттука, се заклучи дека важно е односите да се градат континуирано а не само во времетраење на еден проектен циклус.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар се сретна и со Маја Петковска од Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции од општина Куманово. Од разговорот со неа произлезе дека општината нема регистар на активни граѓански организации. Според неа, не постои регистер на проекти кои кумановските организации ги спроведуваат, а со тоа и немаат точни информации колку средства се доделени од Европската Унија во Куманово.

Петковска ја потврди слабата соработка со организациите која главно вклучува потпишување меморандуми за соработка, но посочи и на несериозноста на здруженијата кои не ја известуваат општината за исходот, односно за тоа што го спровеле во рамки на проектите. Причината поради која општината не доделува финансиски средства на организациите е малиот буџет.

Таа рече дека е задоволна од искористеноста на средствата за граѓанските организации кои се доделени преку проектот РеЛОаД, финансиран од ЕУ а спроведуван преку УНДП и Општина Куманово. Освен тоа, ја пофали заинтересираноста на здруженијата за вклучување во процесот Форуми во заедницата, каде на првата сесија учествувале околу 150 лица и произлегле многу интересни идеи.

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и...

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации на теми кои придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување. Овој пат, фокусот беше ставен на дигиталната трансформација како една од клучните области на Стратешката агенда на ЕУ...