Здруженијата од Гевгелија информирани за младинските политики

5 Јул 2021

На 29-ти јуни, Граѓанскиот ресурсен центар во соработка со Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија организираа посета на Мобилниот ресурсен центар во Гевгелија и средба со локалните организации за нивно информирање и дискусија за состојбите во граѓанското општество на локално ниво.

Организациите беа информирани за работењето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество како и изготвувањето на новата Стратегија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Граѓанските организации беа охрабрени да комуницираат и активно да соработуваат со претставниците во Советот, бидејќи преку нив може да се информираат но, и да учествуваат во процесите на креирање политики и подобрување на опкружувањето во кое функционираат граѓанските организации.

Драгана Митровиќ ги информираше локалните организации за актуелните случувања поврзани со младинските политики, пред се´ обврските за општините што произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики. На Законот се гледа како можност за подобрувања на состојбата и условите за младите на локално ниво.

„Државните институции и поголем број од општините неодамна назначија службеници за млади. Агенцијата за млади и спорт во соработка со неколку општини и локални организации работат на отворање на првите младински центри кои треба да се отворат во секоја општина во следните 4-5 години. Сојузот за младинска работа со поддршка од Агенцијата за млади и спорт ја спроведе првата формално признаена обука за работници со млади, а најавена е и промоција на Прирачник за младински совети кои треба да се формираат каде што ги нема и/или трансформираат според Законот низ транспарентен и инклузивен процес”, вели Митровиќ.

Во излагањето истакна и дека е важно општините да се подготвени добро, да ги разберат обврските кои им се пренесени, а граѓанските организации да се вклучени, да ги поддржат и помогнат овие процеси за да се обезбеди квалитетна имплементација на Законот и со тоа младите навистина да бидат соодветно застапувани, да добијат можност да учествуваат во процеси на носење одлуки на локално ниво, и да добијат соодветен безбеден простор каде ќе имаат системска поддршка за нивниот развој и вклучување во заедницата преку младинските центри.

Дел од предизвиците со кои се соочуваат локалните организации се поврзани со ниската финансиска поддршка и слабата диверзификација на приходите на локалните организации, недоволната соработка и заинтересираност од добро развиената бизнис заедницата во Гевгелија, строгите процедури за спроведување на мали грантови на локалните организации кои немаат капацитети да ги спроведат истите, но и недоволната поддршка обезбедена од поголемите организации одговорни за шемите за регрантирање.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...