Здруженијата не се третираат како сериозни понудувачи на неформално образование

7 Јун 2019

Поедноставување на процедурите за верификација на програмите за неформално образование и верификација на институциите кои ги обезбедуваат тие програми е главното барање на организациите кои учествуваа на средбата на тема Улогата на граѓанските организации во обезбедување на квалитетно неформално образование“. Средбата се одржа на 27 мај во Граѓанскиот ресурсен центар на иницијатива на организацијата Едукативниот културен центар „Нана“.

Организациите ги споделија своите искуства од обидите за верификација на програмите за обуки, меѓутоа потврдија дека овие процедури се комплексни и одземаат многу време. Помеѓу предизвиците се вбројуваат и слабата информираност на организациите околу процесите и политиките на неформалното образование, како и недоволната отвореност на институциите кон здруженијата како сериозен понудувач на неформално образование.

Билјана Мојсовска Манојлова од Центарот за доживотно учење е член на Координативното тело за следење на мерката „Воспоставување на систем за валидација на неформалното и неформалното учење” од Стратегијата за образование 2018-2025. Таа информираше дека воспоставувањето систем за валидацијата е главен приоритет во периодот 2018-2020 година, што подразбира дека индивидуата треба да биде во центарот на учењето и нејзиното знаење, вештините и компетенциите да бидат признаени, независно од условите во кои ги стекнала. Таа додаде дека граѓанските организации можат да станат даватели на услуги во некоја од четирите фази на валидација а исто така можат да служат и како информативни центри.

Според законот, граѓанските организации немаат обврска да го поминат целиот процес на верификација, но на обучувачите останува борбата на пазарот за да бидат признаени од страна на побарувачите на обуки. Дополнителен предизвик е и обезбедувањето и гаранцијата на квалитетот на обуките.

Во следниот период Граѓанскиот ресурсен центар ќе организира средба и со Центарот за образование на возрасни и врз основа на наодите ќе оцени дали има потреба од обезбедување на дополнителна поддршка и организирање на дебата или информативен настан на оваа тема.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...