Задржувањето на младите граѓански активисти-најголем предизвик во општина Градско!

7 Јун 2024

“Задржувањето на младите граѓански активисти во нашите граѓански организации и во општината, воопшто, е најголемиот предизвик со кој се соочуваме“ истакнаа локалните организации, активистите и претставниците на општина Градско на средбата со тимот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), која се одржа на 04 јуни 2024 година во салата за состаноци на општина Градско.

На оваа средба присутните се информираа за можностите што ги нуди ГРЦ како и актуелностите за развој на граѓанското општество на локално и национално ниво. Оваа посета на Мобилниот ресурсен центар го доближува ГРЦ до локалните организации во различни општини и дава можност за дискусија за потребите и предизвиците со кои се соочуваат организациите во своето работење.  

Присутните покажаа особен интерес за начинот и процедурата за регистрирање на нови граѓански здруженија,  но исто така истакнаа и дека не се запознаени со финансиските можности за подршка на овие здруженија. Во оваа насока се дискутираше за различните начини за прибирање средства и месечниот преглед на отворени повици што Граѓанскиот ресурсен центар редовно го подготвува и споделува со граѓанските организации.

Претставниците на општинската администрација истакнаа дека општината има Стратегија за Родова еднаквост, Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените и назначен координатор за еднакви можности. Исто така, има формирано и Локален младински совет на општина Градско. Но, истакнаа тие, иако општината нема Стратегија за соработка со граѓанските организации, како ни лице кое специфично работи во делот на соработка и комуникација со граѓанскиот сектор, во годишниот општински буџет има ставка за транфер на средства за здруженија на граѓани. За финансирање на граѓанските организации не објавуваат јавен повик, туку средствата се одобруваат на барање на организациите, согласно висината на расположливиот општински буџет.

Тие истакнаа дека се отворени за соработка со граѓанските организации, која се состои главно од вклучување на граѓанските организации на форуми, средби, трибини и други настани, како и склучување меморандуми за различен вид соработка во рамки на која општината има свои ингеренции, како и давање на друг вид поддршка која ќе биде побарана од организациите.

На оваа средба дел од претставниците на граѓанскиот сектор го истакнаа своето задоволство од соработката со општината, како и со другите граѓански организации од регионот.

„Имаме поддршка од општината, секогаш кога за тоа има можност“, истакна претставникот на Културно уметничкото друштво “Стоби“ од Градско. “На пример, во партнерство со општината аплициравме на повик на Министерството за култура, минатата година учествувавме во манифестацијата „Павловден“, а општината ги покри трошоците за сместување на играорните групи, кои ни беа гости од странство. Освен со општината, имаме меѓусебна соработка и со културно уметничките друштва од Велес, но досега не сме аплицирале со заеднички проект на некој повик. Секако, добро е да се искористат и тие можности од месечниот преглед на отворени повици што ГРЦ редовно го подготвува и споделува со граѓанските организации“, истакнаа тие. 

Претставниците од Сојузот на пензионерите на општина Градско исто така ја истакнаа поддршката што ја добиваат од општината: “Нашето здружение од Градско е огранок на Сојузот на пензионери на општина Велес и не располага со посебни финансиски средства, па затоа, за одредени активности, општината ни излегува во пресрет: на пример, во просек, два пати годишно ни обезбедува транспортни трошоци за екскурзии во други општини со кои соработуваме и правиме заеднички активности, а ни помага и при посетата на семејства кои се социјални случаи и имаат лица со посебни потреби, со пакети храна, облека и сл.“

Посетата на Мобилниот ресурсен центар беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...