Вонреден повик за доделување грантови за итни интервенции

8 Апр 2020

Граѓанскиот ресурсен центар во договор со Делегацијата на Европската Унија направи напори за реалокација на буџетот со цел да овозможи финансиска поддршка за организациите во периодот на пандемија.

Со овој повик се очекува граѓанските организации да придонесат кон поголема солидарност со јавноста и кон справување со предизвиците и последиците од Ковид-19 и вонредната состојба во државата. Поддржаните итни активности треба да бидат насочени кон најранливите категории на граѓани, особено на локално ниво.

Повик за грантови за итни интервенции за справување со кризната состојба предизвикана од КОВИД-19

Поднесените предлог-проекти на организациите во рамките на овој повик треба да придонесат за постигнување на некои од следните резултати:

  • Координирано делување на граѓанските организации за поорганизирано справување со кризата и координирани хуманитарни и волонтерски активности;
  • Обезбедена хуманитарна помош за најзагрозените на локално ниво;
  • Обезбедена правна помош, психолошка помош и совети за безбедност за најзагрозените групи;
  • Информирана јавност, а пред се специфичните целни групи, за мерките и препораките на државните институции во вонредната состојба.

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за грантови изнесува 12.000 евра (737.400,00 МКД). Се очекува да се доделат околу 10 мали грантови со износ од најмалку 1.000 евра (61.450 МКД), до најмногу 2.000 евра (122.900 МКД).

За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект не се обврзани да обезбедат кофинансирање.

Времетраењето на проектите не треба да биде пократко од еден односно подолго од три месеци.

Рокот за поднесување на апликацијата е 15 април 2020 година,  најдоцна до 16:00 часот. Апликациите треба да бидат испратени електронски на двете е-маил адреси: [email protected] и [email protected].

Потребни документи

Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од: 

Секое прашање поврзано со повикот може да се достави на [email protected] со назнака: Референтен број 11-38/2-2020, најдоцна до 13 април 2020 година до 12:00 часот. Поставените прашања и одговори ќе бидат објавени на www.rcgo.mk на 13 април 2020 година.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...