Во првите редови за време на кризата од Ковид-19

15 Мај 2020

Граѓанските организации, секоја на свој начин, одговорија на пандемијата и последиците од неа. Тие ги ставија во функција нивните човечки и организациски капацитети и направија напори да ги ублажат економските, социјалните и хуманите ефекти од вонредната состојба. Седумте здруженијата, грантисти од повикот за мали акциски грантови за застапување во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, исто така се солидаризираа и дел од нивните активности ги насочија таму каде можат најмногу да придонесат.

Меѓу нив се најдоа „Светла иднина“, „Ајде Македонија“, Граѓанската иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе и  Ромско-турското здружение  „Хајат НВО“ Струмица. Тие учествуваа во набавка и дистрибуција на хуманитарни пакети со храна и хигиенски производи за најранливите групи како и обезбедување информации за целните групи.

Така на пример, здружението „Светла иднина“ пренамени дел од буџетот на нивниот проект доделен од Граѓанскиот ресурсен центар и со нив достави 30 пакети со храна за една недела на исто толку ромски семејства, односно на 97 лица. Мануела, проектната координаторка, рече дека нивните активности се всушност по барање на самата заедница бидејќи Ромите често се дел од неформалната економија и во моментов имаат потешкотии да обезбедат дневен приход.

Исто така, Ајде Македонија-Сите Сити им излезе во пресрет на маргинализираните групи на граѓани преку дистрибуција на примените донации со прехранбени продукти. Оттаму велат дека барањата за хуманитарна помош најчесто им пристигнуваат од лица кои останале без работен ангажман и се наоѓаат во голем социјален ризик.

На овој начин беа опфатени семејства кои живеат на маргините на општеството, самохрани родители и невработени лица од Кочани, Скопје, Струмица и руралните средини на Свети Николе. Покрај донациите, овие лица добија и здравствени информации за влијанието на корона вирусот, заштитата од него, како и информации за економските, социјалните и здравствените мерки кои ги преземаат државата и локалната самоуправа.

Покрај работата на терен, дел од организациите – грантисти на Граѓанскиот ресурсен центар ги искористија дигиталните алатки за да дадат свој придонес кон нивните заедници. Извидниците од Велес, Инова Лаб од Битола и Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар работеа на унапредување на можностите на младите за вклучување во заедницата. Изминатиот период тие останаа активно поврзани со младите, споделувајќи вебинари, видеа и информации врз основа на нивните потреби. Здруженијата заедно со младите дискутираа за предизвиците за време на кризата, образованието, конструктивното исполнување на нивното време и грижата за средината.

Граѓанските организации успеваат да ги поддржат своите заедници во кризниот период, а веројатно допрва ќе почнат да се справуваат со општествените последици од неа. Здруженијата покажаа висока флексибилност и успешно се прилагодија на вонредната состојба преку воведување на нови активности, иновации, а дел од нив излегоа од нивното вообичаено поле на делување. Ова е само уште еден приказ дека граѓанското општество е верен сојузник на граѓаните и на институциите, пополнувајќи ги дупките кои се јавуваат во општеството.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...