Темите за добро управување, транспарентност и отчетност од суштинско значење заграѓанските организации

21 Дек 2023

„Изборот на Граѓанскиот ресурсен центар да организира работилници на темите добро управување и транспарентност и отчетност е за поздравување и укажува дека ГРЦ има јасна визија кои се областите на кои треба долгорочно да се работи. Сметам дека овие теми се од суштествено значење за граѓанските организации за градење на довербата кон нив и за осигурување на нивната одржливост, па затоа е неопходно овие прашања да се адресираат континуирано.” – истакна обучувачката Сунчица Саздовска за двете работилници организирани на 12 и 13 декември во ГРЦ, Скопје, на кои 13 претставници на граѓанските организации преку теорија и  практични вежби се стекнаа со знаење и вештини на овие две теми.

На Работилницата за Добро управување одржана на 12 декември учесниците ги научија клучните принципи и елементи на доброто управување и како практично да ги применат  алатките за поделба на функциите во организациите, организирање на процесите на одлучување и воспоставување на механизми за справување со предизвиците во раководењето на организациите.

На Работилницата за Транспарентност и отчетност одржана на 13 декември учесниците се запознаа со улогата на различните чинители и мерки за транспарентност и отчетност во секоја фаза од циклусот на операции во граѓанските организации, а стекнаа и знаења и вештини за практична примена на различни механизми и алатки за воспоставување системи и процедури кои ја поддржуваат транспарентноста и отчетноста.

„Осмисленоста на темите на работилницата беше полн погодок, особено за нас, новооснованите и помалку искусни здруженија, за делување во граѓанскиот сектор. Сите содржини ги исполнија моите очекувања од работилницата и особено е значајно што се теми кои ќе ни помогнат во практичното и секојдневно работење во нашите здруженија.” – изјави Златко Кузманов од здружението Центар за интегрирана безбедност од Скопје. Според него многу корисна е праксата да се даваат кратки, концизни и корисни  видеа пред обуки, кои ќе ги подготват учесниците за  главните теми и содржини на самата работилница. Златко Кузманов особено се заблагодари што ГРЦ им помага на новооснованите, неискусни и сериозни во намерата, здруженија, да застанат на свои нозе во првите година-две од постоењето и да можат да се етаблираат во граѓанското општество.

И за Томе Крстевски од Здружението Глобал од Битола овие беа корисни работилници: “Ви благодариме за одлично организираните обуки на кои доста научивме и ни помогнавте полесно да ги совладаме проблемите и предизвиците во однос на управувањето и транспарентноста во нашето здружение“, рече тој.

Од дискусиите на учесниците во текот на работилниците можеше да се заклучи дека од особено значење е на организациите да им се обезбеди поддршка поврзана со разграничувањето на управните и извршните функции, како и со уредувањето на внатрешните политики и процедури, а особено во областа на финансиското работење. Имајќи ги предвид ограничените човечки капацитети со кои располагаат организациите, а со цел да се осигура законитоста во нивното работење, потребна е и советодавна поддршка за толкување на законската регулатива,  особено кога настануваат промени во законите кои ги засегаат граѓанските организации.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...