Стратегијата за соработка да има висока реализација на активностите во предвидениот рок

29 Јан 2019

Над 40 претставници на граѓански организации и државни институции учествуваа на дебатата на која се презентираше Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 година како и динамиката за нејзино спроведување. Главните заклучоци се однесуваа на потребата од целосно спроведување на мерките од Стратегијата во предвидените рокови, подобро претставување на резултатите кои се постигнуваат, како и потребата од надворешно следење на спроведувањето од страна на граѓанските организации.

„Кај претходните владини документи кои содржински ги отсликуваа потребите за кои беа наменети, секогаш недостасуваше соодветно нивно спроведување, поради недостаток на финансии или на експертиза. Затоа сметам дека сега граѓанските организации се на потег и треба да размислуваат каде можат да придонесат во имплементацијата на Стратегијата“, рече во своето обраќање Ирена Иванова, од Делегацијата на Европска Унија.

Сузана Никодијевиќ-Филиповска, од Генерален секретаријат на Владата, детално ги презентираше целите, мерките, активностите и динамиката на нивното спроведување. Таа се надева дека овој документ ќе има подобри проценти на реализација споредено со претходните две стратегии.

Фани Каранфилова-Пановска, од Фондација Отворено општество Македонија и претседателка на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, како клучни работи за чие спроведување треба сите да се посветат ги истакна: измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации; анализата на даночното третирање на граѓанските организации; како и изработката на модел за државно финансирање на граѓанските организации.

Презентација на Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 г.

„Понекогаш се добива впечаток дека претставниците на владините институции немаат лично чувство дека тука седат и се номинирани од своите институции за да дадат видување на институцијата од која доаѓаат во носењето на ставовите на целиот Совет. Меѓутоа, мислам дека тоа е промена на културата на работење“, рече Гордана Гапиќ-Димитровска, државен советник во Министерство за информатичко општество и администрација, и заменик претседателка во Советот. Таа наведе повеќе промени кои се во подготовка меѓу кои и зголемување на рокот на консултација на предлог законите поставени на ЕНЕР за уште пет денови, што ветува дека ќе стигнеме до европскиот тренд на рокови за консултации.

Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ ги повика присутните граѓански организации на акција, односно на организираност преку Советот и другите постоечки механизми на делување. Тој додаде дека Европската Унија, во иднина планира поголема поддршка на малите и средните организации, и особено оние кои се надвор од Скопје.

Погледни ја галеријата од настанот

Стекнатото знаењето и практичната работа за планирање проекти ќе доведат до успешни проектни апликации на граѓанските организации од Скопскиот регион

Стекнатото знаењето и практичната работа за планирање проекти ќе доведат до успешни проектни апликации на граѓанските организации од Скопскиот регион

На работилница одржана на 11 и 12 април 2024 во Скопје, се јакнеа капацитетите на граѓанските организации од Скопскиот регион, на теми поврзани со планирање проекти и пишување на проектни апликации. Работилницата се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје како...

Зголемени знаења и вештини на граѓанските активисти од општина Чашка за подготовка на успешни проектни апликации

Зголемени знаења и вештини на граѓанските активисти од општина Чашка за подготовка на успешни проектни апликации

На работилница одржана на 28-29 март 2024 во општина Чашка, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжи да ги јакне граѓанските организации на теми поврзани со планирање проекти и пишување на проектни апликации. На работилницата одржана во Салата на Советот на општина...

Развиен граѓански сектор и активни екологисти во Вевчани

Развиен граѓански сектор и активни екологисти во Вевчани

Локалните организации, активистите и претставниците на Општина Вевчани се сретнаа со тимот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) на 22 март 2024 година во Мултикултурниот центар во Вевчани. Пристутните се информираа за можностите што ги нуди ГРЦ како и актуелностите за...

Share This