Релативно добро развиен граѓански сектор во Тетово

22 Дек 2018

Соработката меѓу локалните организации, соработката со општината и транспарентноста на финансирање на граѓанските организации од страна на општината беа главните теми за дискусија на средбата на Мобилниот ресурсен центар и организациите во Тетово. Посетата се одржа на 21 декември 2018 и беше организирана во партнерство со локалната организација Центар за балканска соработка „Лоја“, во нејзините простории.

Во текот на средбата беше отворена и дебата за регрантирањето, особено висината на сумата која се регрантира, одржливоста, резултатите и влијанијата кои се постигнуваат со ваквиот тип доделени средства.

Средбата покажа дека граѓанскиот сектор во Тетово е релативно добро развиен и постојат неколку организации со добра внатрешна структура кои функционираат повеќе години и имаат постигнато видливи резултати и значајно влијание на локално ниво.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар пред присутните ги презентираше активностите на Граѓанскиот ресурсен центар, а на барање на самите активисти сподели и информации за функционирањето на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, други клучни органи и тела одговорни за соработка со граѓанското општество, како и веб страници со сеопфатни бази на податоци на граѓански организации.

Тимот на Мобилниот ресурсен центар оствари и средба со претставници на општината кои информираа дека e назначено ново лице за контакт со граѓанските организации кое веќе организирало средба со организациите во текот на изминатиот месец. Беше посочено дека постои потреба од ажурирање на веб-страницата со контакти од активните организации во општина Тетово.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Стекнатото знаењето и практичната работа за планирање проекти ќе доведат до успешни проектни апликации на граѓанските организации од Скопскиот регион

Стекнатото знаењето и практичната работа за планирање проекти ќе доведат до успешни проектни апликации на граѓанските организации од Скопскиот регион

На работилница одржана на 11 и 12 април 2024 во Скопје, се јакнеа капацитетите на граѓанските организации од Скопскиот регион, на теми поврзани со планирање проекти и пишување на проектни апликации. Работилницата се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје како...

Зголемени знаења и вештини на граѓанските активисти од општина Чашка за подготовка на успешни проектни апликации

Зголемени знаења и вештини на граѓанските активисти од општина Чашка за подготовка на успешни проектни апликации

На работилница одржана на 28-29 март 2024 во општина Чашка, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжи да ги јакне граѓанските организации на теми поврзани со планирање проекти и пишување на проектни апликации. На работилницата одржана во Салата на Советот на општина...

Развиен граѓански сектор и активни екологисти во Вевчани

Развиен граѓански сектор и активни екологисти во Вевчани

Локалните организации, активистите и претставниците на Општина Вевчани се сретнаа со тимот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) на 22 март 2024 година во Мултикултурниот центар во Вевчани. Пристутните се информираа за можностите што ги нуди ГРЦ како и актуелностите за...

Share This