Релативно добро развиен граѓански сектор во Тетово

22 Дек 2018

Соработката меѓу локалните организации, соработката со општината и транспарентноста на финансирање на граѓанските организации од страна на општината беа главните теми за дискусија на средбата на Мобилниот ресурсен центар и организациите во Тетово. Посетата се одржа на 21 декември 2018 и беше организирана во партнерство со локалната организација Центар за балканска соработка „Лоја“, во нејзините простории.

Во текот на средбата беше отворена и дебата за регрантирањето, особено висината на сумата која се регрантира, одржливоста, резултатите и влијанијата кои се постигнуваат со ваквиот тип доделени средства.

Средбата покажа дека граѓанскиот сектор во Тетово е релативно добро развиен и постојат неколку организации со добра внатрешна структура кои функционираат повеќе години и имаат постигнато видливи резултати и значајно влијание на локално ниво.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар пред присутните ги презентираше активностите на Граѓанскиот ресурсен центар, а на барање на самите активисти сподели и информации за функционирањето на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, други клучни органи и тела одговорни за соработка со граѓанското општество, како и веб страници со сеопфатни бази на податоци на граѓански организации.

Тимот на Мобилниот ресурсен центар оствари и средба со претставници на општината кои информираа дека e назначено ново лице за контакт со граѓанските организации кое веќе организирало средба со организациите во текот на изминатиот месец. Беше посочено дека постои потреба од ажурирање на веб-страницата со контакти од активните организации во општина Тетово.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...