Преку квиз до грант

17 Јун 2021

Граѓанскиот ресурсен центар ги кани граѓанските организации да земат учество во КВИЗ за проверка и зајакнување на знаењето. Темите се релевантни за одржливо, ефективно и отчетно работење. Квизот е завршна активност на Програмата за градење капацитети на граѓанските организации спроведена во периодот ноември 2018 – мај 2021 со која беа опфатени над 450 претставници на граѓански организации.

Квизот е организиран во две фази:

  1. Прелиминарна фаза која ќе се спроведе онлајн на 23, 25 и 28 јуни и
  2. Финале што ќе се спроведе во живо на 25 август.

Главна награда за победничката организација е грант за организациски развој во висина од 2.000 евра. Ќе бидат доделени и втора и трета награда – грантови за организациски развој, секој во висина од по 1.000 евра.

ГРЦ КВИЗ:

Квиз бр.1 (23 јуни 2021)

Квиз бр.2 (25 јуни 2021)

Квиз бр.3 (28 јуни 2021)

Финалисти:

Во прелиминарната фаза, организациите треба да го пополнат електронскиот прашалник со 10 затворени прашања. Прашањата се на основно до средно ниво на неколку од клучните теми опфатени со Програмата за градење капацитети на Граѓанскиот ресурсен центар. Покрај овие 10 прашања, организациите треба да достават краток концепт во кој ќе ја презентираат идејата за тоа како ќе бидат употребени средствата доколку се еден од добитниците. Фокусот на грантот може да биде на организациското јакнење на нивната или на друга/други помали локални организации.

Електронскиот прашалник ќе биде објавен на веб страната на ГРЦ, а учесниците ќе имаат време од 45 минути за одговарање на прашалникот. Прелиминарната фаза ќе се спроведува во три круга, а петте најдобри организации, од секој круг, ќе учествуваат во финалето. Максималниот број поени од прашалникот е 10, а од идејата за организациски развој, 5 поени.

Финалето ќе се одржи во живо на 25 август. На него ќе учествуваат најдобрите 15 организации избрани во претходната фаза. Организациите ќе го покажат и потврдат своето знаење, а најдобрите три организации ќе добијат грант за организациски развој. Во финалето, секоја организација-финалист ќе има право да настапува со тим од тројца членови на организацијата. Финалистите ќе бидат информирани за сите детали како и материјалите што ќе им бидат потребни за да се подготват за финалето веднаш по завршување на прелиминарната фаза,.

Критериуми

Право на учество на квизот имаат организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации со годишен буџет до 30.000 евра во 2020 година. Организациите треба да докажат дека ги исполнуваат условите пред да бидат поканети да учествуваат во финалето.

Во прелиминарната фаза од квизот ќе бидат опфатени следните теми: Планирање проекти и пишување проектна апликација; генерирање фондови; добро управување на ГО; транспарентност и отчетност; комуникации и видливост; тематско вмрежување, градење партнерства и коалиции; вклучување на конституентите во работењето на граѓанските организации.

Погледни ги презентациите од обуките.

Вашите прашања поврзани со процедурата за спроведување на квизот може да ги поставите на: Info@rcgo.mk  

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This