Прашалник за утврдување на приоритети на повик за грантови

5 Јун 2024

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската унија, има предвидено два повика за финансирање на локални организации со вкупен буџет од 250,000 евра.

Првиот повик за предлози е планиран за септември 2024 година. Оваа активност директно ќе придонесе за зајакнување на локалните организации и нивната поврзаност со своите конституенти и ќе го стимулира нивниот придонес во заедницата и решавање на горливи локални прашања.

Со цел приоритетите и другите карактеристики на повикот најсоодветно да одговараат на реалните потреби на граѓанските организации, ГРЦ подготви Прашалник за утврдување на приоритетите на повикот за грантови.

Ве молиме пополнете го прашалникот најдоцна до 28 јуни 2024 година. Пополнувањето на прашалникот ќе ви одземе околу 10 минути.

Прашалник за утврдување на приоритети на повик за грантови

Прашалник за утврдување на приоритетите на повикот за грантови


Приоритетни теми/сектори

Ве молиме изберете го нивото на важност на следната листа на приоритетни теми/сектори. Потоа, предложете потсектор(и) на кои треба да им се посвети посебно внимание и улогата што граѓанските организации можат да ја играат во процесот (односно предложете што би можеле граѓанските организации да направат за да придонесат за секој сектор).

 На крај, накратко оправдајте ја релевантноста за избраната приоритетна тема/сектор(и).


(Правна и/или финансиска рамка за развој на граѓанското општество/Отчетност и транспарентност на ГО)
(Владина или локални стратегии за соработка со граѓанското општество; Структурен дијалог за пристапување во ЕУ, Соработка меѓу ГО и локалните власти/бизнис заедницата/други чинители)
(како хоризонтални приоритетни теми)

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ГРАНТ


Максималниот буџет по договор за грант изнесува 10.000 евра. Кое треба да биде максималното и минималното времетраење за спроведување на договор за грант (на пр. од 9 до 12 месеци)

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИ

Овој повик таргетира помали, локални организации.


ВКЛУЧУВАЊЕ НА КОНСТИТУЕНТИ


ВАШИ ПРЕДЛОЗИ


Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...