Прашалник за онлајн платформа за ОВП

7 Апр 2020

Во рамки на Програмата за социјална одговорност, преку Проектот за граѓанско учество на УСАИД, Фондацијата Метаморфозис во наредниот период ќе развие онлајн платформа (веб сајт) за Отворено Владино Партнерство (ОВП).

Онлајн платформата за ОВП е предвидена како централна точка за:

  1. консултација,
  2. мониторинг,
  3. вклучување,
  4. вмрежување и
  5. известување на сите засегнати и заинтересирани страни во процесот.

Веб сајтот за ОВП има за цел да послужи како платформа за интеракција и размена на информации во четири сегменти:

  • консултации за подготовка на акцискиот план (АП),
  • следење на спроведувањето на АП,
  • следење на работата на Советот за ОВП и
  • следење на работата на Мрежа на граѓански организации за ОВП.

Со цел утврдување на потребите на засегнатите страни за изработка на онлајн платформата за Отворено владино партнерство подготвивме онлајн прашалник. Линк од прашалникот:

Прашалникот ќе биде отворен за доставување на одговори до 10 април 2020 година (петок). Одговорите на прашалникот ќе бидат искористени исклучиво во врска со изработката на веб сајтот за ОВП.

Повик за избор на членови на Советодавна група

Повик за избор на членови на Советодавна група

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за избор на членови на Советодавна група на ресурсните центри. Овој повик е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен...

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на онлајн обука за дигитална трансформација на граѓанските организации што...

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

На 4-ти март 2025 се одржа онлајн информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025. Настанот привлече претставници од над 60 претставници на граѓански организации, кои имаа можност да се запознаат со условите и критериумите за...