Повик за учество на Работилници за Добро управување и Транспарентност и отчетност

17 Ное 2023

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот  ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на Работилници за Добро управување и Транспарентност и отчетност на 12 и 13 декември 2023 во Скопје.

Услов за учество

Услов за учество на овие работилници е претходно да ги имате поминато

  1. Работилницата за Добро управување која ќе се одржи на 12.12.2023 ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат нивното знаење за елементите на добро управување во граѓанските органзизации и да воспостават интерни процеси и практики базирани на приципите на добро управување. Преку практични вежби, учесниците ќе стекнат знаење и вештини за практична примена на алатки за поделба на функциите во организациите, организирање на процесите на одлучување и воспоставување на механизми за справување со предизвиците во раководењето на организациите.
  2. Работилницата за Транспарентност и отчетност која ќе се одржи на 13.12.2023 ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат нивното знаење како да ги интегрираат транспарентноста и отчетноста како вредности на кои го темелат своето тековното работење. Преку практични вежби, учесниците ќе стекнат знаење и вештини за практична примена на алатки за градење и одржување транспарентни релации со релевантите чинители, одговорно и отчетно известување, транспарнетен и одговорен однос кон своите варботени и членови и практично интегрирање на принципите на транспарентност и отчетност во сите процеси и процедури на органзациите.  

Со цел да бидете подобро подготвени за работилниците ве молиме пополнете ја самооценката  на организациските капацитети за вашата организација.

Пријава за учество

Заинтересираните треба да ја пополнат пријавата подолу најдоцна до 05.12.2023.

Ве молиме да пријавите ист кандидат кој ќе присуствува на двете работилници на 12-13.12.2023.  Пријавувањето на кандидатот се врши со една пријава за двете работилници.

Пријава за работилници за „Добро управување“ и за „Транспарентност и отчетност“
  • Информации за организацијата
  • Информации за лицето кое се пријавува за учество на работилницата

Пријава за работилница за „Добро управување“ и за „Транспарентност и отчетност“

12-13 декември 2023, Скопје


наведете ги слабостите и предностите кои сметате дека ги има вашата организација во областа на транспарентност и отчетност
наведете ги слабостите и предностите кои сметате дека ги има вашата организација во областа на добро управување
(заедно со кус опис на обврските)
Ве молиме имајте предвид дека единствениот услов за учество на оваа обука е претходно да ја имате поминато онлајн – Обуката за Добро управување
Ве молиме имајте предвид дека единствениот услов за учество на оваа обука е претходно да ја имате поминато онлајн – Обуката за Транспарентност и отчетност

За активностите на ГРЦ

Дел од активностите преку кои  Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“ ќе придонесе граѓанските организации да имаат подобри капацитети, долгорочно планирање, одржливост, видливост, застапување, ефективност и да работат на потранспарентен и поодговорен начин, меѓудругото, се:

  • Обуки, консултации и менторство на различни теми, во живо и онлајн и
  • Грантова шема – мали акциски грантови за поддршка на локални тематски иницијативи на мали граѓански организации во заедницата

Грантовата шема ќе биде директно поврзана со програмата за градење капацитети на проектот, односно за да бидат подобни, меѓудругото, апликантите за мали грантови ќе треба да имаат завршено најмалку една обука/работилница (онлајн или во живо) пред да аплицираат на повикот за грантови. Спроведувањето на оваа грантова шема начелно е планирана за 2025 година.

Овие активности се дел од проектот ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Национална фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This