Повик за учество на обука за управување со проекти

27 Јан 2021

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската унија, отвора повик до граѓанските организации за учество на обука за управување со проекти. Обуката ќе се реализира онлајн на платформата ЗООМ на 8, 10 и 12 февруари 2021 година од 10:00 до 13:30 часот.

Оваа напредна обука има за цел да допринесе во зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на проекти и истата е наменета за организации кои имаат претходно искуство во спроведување на проекти или во моментов спроведуваат проект, а пред сe` проекти финансирани од Европската унија.

Ќе бидат селектирани 20 претставници од граѓанските организации на релевантни позиции (раководител на проекти/проектен координатор), кои ќе ги надоградат своите знаења и вештини на следните теми: клучни активности во управување со проекти, управување со буџетот, проектна администрација, мониторинг, финансиско и наративно известување, набавки, видливост, итн. Учесниците ќе имаат можност за интерактивна сесија (прашања-одговори) за нивните практични дилеми и предизвици во секојдневната работа поврзана со управување со проекти.

Обуката за управување со проекти ќе ја води Андреја Тонч, меѓународен експерт со повеќе од дваесет годишно професионално искуство во областа.

Обуката ќе биде спроведена на англиски јазик.

Сите заинтересирани организации треба да ја пополнат пријавата за учество и да ја достават на [email protected] најдоцна до 1 февруари 2021 година.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...