Повик за изработка и пост-продукција на промотивно видео

7 Мај 2021

Јавен повик бр. 11-49/2-2021

за изразување интерес за изработка и пост-продукција на промотивно видео

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите правни субјекти да изразат интерес за учество во тендерска постапка за изработка и пост-продукција на промотивно видео за потребите на Граѓански ресурсен центар.

Видео спотот е за промоција на постигнатите резултати на Граѓанскиот ресурсен центар и треба да биде со времетраење од 3 минути. Изработката на видеото вклучува снимање на терен. Пост-продукцијата вклучува монтажа на видеото и изработка на видео-графици. Сценариото за видеото е претходно подготвено од МЦМС.

Активностите ќе бидат спроведени во периодот 25 мај – 10 јуни 2021 година.

Набавката е наменета за спроведување на активности кои се дел од проектот „Видливост на Граѓанскиот ресурсен центар“ бр. 18 11 НРЦ 402, во склоп на програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“, финансиран од Европската Унија.

Критериум за избор на добавувач е квалитет (70 поени) и цена (30 поени).

Сите заинтересирани субјекти треба да изразат интерес за учество во тендерската постапка за изработка и пост-продукција на промотивното видео најдоцна до 11 мај 2021г. на следната електронска адреса: [email protected] со назнака „Изразување интерес за изработка и пост-продукција на промотивно видео“.

Целосната тендерска документација ќе им биде испратена само на правните субјекти кои што ќе искажат интерес во зададениот рок.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...