Потранспарентни и поотчетни здруженија преку обука за финансиско управување во Битола

17 Фев 2020

Ревизија и системи за внатрешна контрола, управување со ризици, набавки, буџетирање, директни и индиректни трошоци на проекти се темите за кои граѓански организации беа најмногу заинтересирани на дводневната обука „Финансиско управување, финансиска транспарентност и отчетност на ГО” организирана на 6 и 7 февруари во Битола.

На обуката 19 учесници имаа можност подобро да се запознаат и со законската и даночната рамка за функционирање на здруженија и фондации, вклучувајќи и статус на организација од јавен интерес. Преку практичните примери и вежби, на учесниците им се појаснија низа дилеми и прашања поврзани со даночното законодавство во земјата.

Голем дел од учесниците покажаа голема мотивираност да ги споделат научените работи со управните структури и останатото членство во нивната организација. Тие очекуваат да воведат измени во однос на управување со ризици, интерни контроли и финансиско управување, кои ќе придонесат за зголемена транспарентност и отчетност на организациите.

Дел од учесниците побараа ваква обука на основно ниво со цел помалите локални организации да се запознаат подобро со основите на финансиско управување.

Обуката е дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во склоп на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...