fbpx

Помагање на најранливите од Кочани со хуманитарни пакети

12 Мај 2020

Почетокот на кризата од корона вирусот, имаше најголемите последици врз најранливите граѓани. Ромите се едни од нив, луѓе на маргините од каде државата со години наназад не успева да ги помести. Граѓанските организации постојано потсетуваат на главните проблеми кои произлегуваат од лошиот пристап до образование, вработување, домување и здравствена заштита. Вонредната состојба уште повеќе ги нагласи проблемите и дополнително ја влоши општествена позиција на Ромите.

Според Центарот за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“ од Кочани кој работи со оваа заедница, најстрашно е губењето на нивниот дневен приход. Тие не се во можност да заработат како до сега на пазарите, во неформалната економија, ниту преку собирање и рециклирање материјали, ситна трговија и сл. Освен тоа, социјалните мерки кои ги презема државата главно се однесуваат на луѓето кои досега биле формално вработени и сега ги изгубиле работните места, што не е случај кај Ромите. Со оглед неформалниот карактер на ангажманот на Ромите, овие мерки не ги опфаќаат нив.

Ова биле дел од причините за „Светла иднина“ да се вклучи во распределбата на социјални пакети. Всушност, пред почетокот на кризата здружението спроведуваше проект поддржан од Граѓанскиот ресурсен центар со кој се формираше ново локално тело – Локална акциска група за застапување која треба да ги застапува интересите на ромската заедница и да ја  вклучи во креирањето политики во Општина Кочани.

„Уште на почетокот на кризата имавме реакција од страна на заедницата и од Локалната акциска група и тие побараа помош директно од нас“, рече Мануела, координатор на проектот. По консултациите, од здружението одлучиле преостанатите средства од грантот од ГРЦ да ги пренаменат за набавка и дистрибуција на социјални пакети.

Со помош на овие средства „Светла иднина“ достави 30 социјални пакети кои содржат храна за една недела на исто толку семејства, односни на 97 лица. Освен ова, тие обезбедија уште 210 пакети за заедницата која ја застапуваат со помош на општината и други граѓански организации. Во процесот на дистрибуција се опфатени најзагрозени ромски семејства во урбаната средина.

Од „Светла иднина“ велат дека по завршување на вонредната состојба ќе се фокусираат на економско закрепнување на Ромската заедница и на нивна општествена социјализација. „Лошата економска ситуација ја отежнува нивната егзистенција, и ги направи уште поизолирани“, додава Мануела.

Според анкетата на Ромалитико, најголем дел од Ромите (60%) сметаат дека ги почитуваат мерките на Владата, додека испитаниците кои не припаѓаат на оваа заедница стравуваат дека ромското население во земјава не ги почитува препораките. Ваквите ставови веројатно се должат на веќе постоечката стигма кон ромската заедница и дискриминацијата по етничка основа.

Оваа година Денот на Ромите (8 април) се прослави за време на самоизолација. Голем дел од Ромите се уште живеат без пристап до чиста вода и санитетски материјали, а кризата само дополнително покажа колку оваа заедница е на маргините на општеството. Најголем дел од економската помош велат дека доаѓа од донациите на ромската дијаспора. Граѓанските организации побараа поголемо вклучување на институциите и суштинско решавање на проблемите.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...