Онлајн настан за овозможувачкото опкружување за развој на граѓанското општество

17 Јул 2020

Граѓанскиот ресурсен центар со задоволство ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на настанот Овозможувачко опкружување за развој на граѓанското општество што ќе се одржи на 23 јули 2020г. од 13:00 часот на платформата ЗООМ.

Регистрирајте се за учество на настанот

Каков е даночниот и фискалниот третман на граѓанските организации? Каква е и како може да се подобри државната поддршка за граѓанските организации? Дали се почитуваат основните загарантирани законски слободи? Колку е развиен партнерскиот однос меѓу државата и граѓанските организации? Колкава е вклученоста на граѓанските организации во процесите на носење закони и креирање политики? Ова се дел од прашањата кои ќе се одговорат на настанот.

Како основа за дискусијата ќе биде извештајот „Матрица за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2019 година“. Истиот еподготвен врз основа на следењето на законодавството и неговата примена во практика, преку три клучни области за развојот на граѓанското општество: основните законски загарантирани слободи; рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации и односот меѓу владата и граѓанските организации.

АГЕНДА

13:00-13:05Добредојде и вовед во настанот Валентина Атанасовска, Македонски центар за меѓународна соработка (модератор)
13:05–13:15Заложбата на Европската Унија за поддршка на развојот на граѓанското општество Ирена Иванова, Делегација на Европска Унија
13:15–13:30Развој на граѓанското општество на регионално ниво Билјана Спасовска, Балканска мрежа за развој на граѓанско општество
13:30–13:50Клучни наоди и препораки од следење на околината за развој на граѓанското општество во 2019г. Снежана Камиловска Трповска, Македонски центар за меѓународна соработка
13:50–14:00Улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за подобрување на околината во која функционираат граѓанските организации Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации
14:00–14:30Дискусија и затворање на настанот

Регистрирајте се за учество на настанот

По успешното регистрирање ќе добиете линк за најава на ЗООМ еден ден пред почеток на официјалниот настан.

Настанот е организиран во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип. 

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...