Покана за консултации за измена на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

15 Окт 2024

Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со проектите финансирани од Европската Унија „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” и „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија”, ги поканува претставниците на граѓанските организации, релевантните државни органи, како и сите заинтересирани лица на консултации за измена на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Консултативните средби ќе се одржат со следниот распоред:

  • 24 октомври 2024, од 12:00-14:00 часот во Ресурсен центар Гостивар (Бул. Браќа Гиноски 1/спрат 1)
  • 25 октомври 2024 од 12:00 – 14:00 часот во зградата на Општина Битола, Битола

На консултациите ќе бидат презентирани и дискутирани нацрт измените и дополнувањата на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, подготвени врз основа на пристигнатите предлози од граѓански организации по јавниот повик за консултации објавен од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на 5.9.2024 година на www.nvosorabotka.gov.mk

Прилог: Нацрт измени и дополнувања на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Доколку сте заинтересирани да се вклучите во консултациите, ве молиме регистрирајте го вашето учество.

Пријава за учество на консултативна средба
Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...