Покана за консултации со граѓанските организации

30 Мар 2023

Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, со задоволство ве поканува на консултации за програмирање на ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанско општество за периодот 2024-2025 година.

Г-дин Штефен Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на Европската унија ќе ги отвори консултациите. Дискусиите ќе бидат фокусирани на приоритетните сектори и другите важни елементи што треба да бидат вклучени во програмирањето на Инструментот за поддршка на граѓанското општество 2024-2025, вклучително и какви било други специфични препораки за ефикасно спроведување на програмата.

Консултациите ќе се одржат онлајн на 4 април (вторник) од 12:00 – 13:30 часот.

Доколку сте заинтересирани да се вклучите во консултациите, ве молиме регистрирајте го вашето учество: