fbpx

Педесет и тројца активисти ги подобрија своите знаења и вештини за три теми

1 Јун 2021

„Јакнењето на капацитетите на здруженијата е од круцијално значење за развојот на граѓанското општество. Согласно тоа и обуките кои ги организира Граѓанскиот ресурсен центар се одлична шанса која треба организациите да ја искористат за стекнување и надоградување на знаењето од различни области” – изјави Тони Станковски од здружението „Љубезност“, кој учествуваше на последните три обуки организирани од Граѓанскиот ресурсен центар.

За него, од голема полза се новите знаења поврзани со организацискиот развој на здружението затоа што се во процес на стратешко планирање.

„Постојано сме во контакт со волонтери, внатрешни соработници, соработници од други здруженија, иницијативи, училишта, компании, институции и други“, вели Станковски и додава дека добредојдени им се и знаењата за  регрутирањето и внатрешниот развој на човечките ресурси“.

Процедури за регрутација на кадар, избор и задржување на вработените во организацијата, изработка на систематизација со опис на работно место и обврски, , оценка и развој на вработените, изготвување на правилник за управување со човечки ресурси беа дел од темите за кои, 15 претставници на здруженија стекнаа подетално знаење  на обуката за Управување со човечки ресурси одржана онлајн на 17, 19 и 21 мај 2021г.

Покрај теоретскиот дел, учесниците имаа можност   да го разберат и совладаат процесот на управување со човечки ресурси преку практична работа.

Обуката за управување со човечки ресурси  за најголемиот дел од учесниците, била исклучително корисна., Споделените  документи ќе бидат искористени за подобрување на документацијата и унапредување на процесите на управување со човечки ресурси во нивната организација. 

„Во текот на обуката ги согледавме слабите страни на организацијата во управувањето со човечките ресурси. Ни недостасува посоодветна распределба на работните обврски (поделба на позиции), наградување на вработените за добро завршените обврски, соодветен план за развој на знаењата на вработените и дефинирање на платите“ – изјави еден од учесниците на обуката.

Граѓанскиот ресурсен центар за прв пат ја организираше обуката „Вклучување на конституентите во работењето на граѓанските организации“. За учесниците, особено беше корисно разграничувањето помеѓу конституентите и чинителите на граѓанските организации.

„Стекнатото знаење за анализа на конституентите, нивното влијание и моќ како и комуникацијата и начинот на градење на заеднички односи се од голема важност при развојот на организациите“, сметаат тие.

Покрај тоа, најголем дел од учесниците истакнаа дека од голема корист за нив се методите и алатките за вклучување на конституентите во работата на нивната организација. Додадена вредност на обуката беа гостувањата на двајца говорници, кои споделија две успешни приказни на темата, едната од здружение од Сплит и другата од Сојузот на извидници на Македонија.  Обуката која сеодржа онлајн на 5, 7 и 10 мај 2021г., а на неа учествуваа 21 претставник на граѓанските организации.

Седумнаесет претставници на граѓанските организации имаа можност да се запознаат со концептот на теорија на промени на истоимената обука организирана онлајн на 23, 26 и 28 април 2021г. Оваа тема се уште е недоволно позната за организациите и ретко применувана во нивното стратешкото работење. Меѓутоа, имајќи предвид дека организациите спроведуваат развојни проекти и работат на остварување на општествени промени, од суштинско знаење е да имаат добро познавање на овој концепт.

Преку практични вежби, учесниците се запознаа со клучните елементи на теорија на промени како што се: анализа на тековната состојба и идентификување на посакувана промена на која организацијата ќе работи; анализа на засегнати страни; утврдување на план на активности; индикатори за следење и евалуација на ефектите итн.

Според учесниците, ваквите обуки треба да бидат организирани почесто, но и на повеќе нивоа: почетно, средно и напредно ниво.

Спроведените обуки се дел од Програмата за градење капацитети  на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка, во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...