Партнерски грант за развој на младата организација „Легал тинк“

3 Дек 2019

Здружението на правници „Легал тинк“  на 5 и 6 октомври 2019 година учествуваше на дводневна обука за управување со проектен циклус, како дел од нивниот партнерски грант од Граѓанскиот ресурсен центар.

Заедно со нивната менторска организација, Фондација за развој на локалната заедница, тие ги разработија најзначајните елементи во управување со проектен циклус, започнувајќи од планирање, спроведување, па се до евалуација на проекти. Покрај теоретскиот дел, членовите на организацијата ги усовршија и надградија нивните знаења и вештини преку практична подготовка на проектна апликација.

Од здружението велат дека ваквата обука, како и целокупната поддршка добиена од страна на Фондацијата за развој на локалната заедница, претставува одлична можност за развивање на една млада организација. Ова исто така е солидна основа за  поставување подолгорочни цели, како и за зајакнување на внатрешните капацитети на самата организација.

Здружението на правници „Легал Тинк“ го спроведува проектот „Партнерство за добро управување“ во партнерство со менторската организација Фондација за развој на локална заедница – Штип, финансиран од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“. Програмата ја спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а е финансирана од ЕУ.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...