Партнерски грант ќе им обезбеди на „Нексус“ нова стратегија и акциски план

2 Окт 2019

Граѓанската организација „Нексус – Граѓански концепт“ преку обука за стратешко планирање во рамки на партнерски грант, подобро ги дефинираше стратешките приоритети и цели на организацијата како и на активностите и индикаторите преку кои би се спровеле планираните проекти.

Обуката ја спроведоа Неда Малеска Сачмароска и Јасна Пајковска  обучувачи од партнерската организација Центар за управување со промени (ЦУП).

„Со стратегијата стана јасно дека треба да бидеме повеќе проактивни наместо да спроведуваме активности само тогаш кога излегува некоја потреба“, рече Афродита Муслиу, претседателка на „Нексус“.

Учесниците ја идентификуваа визијата, мисијата и вредностите на „Нексус“, по што следеше проблемска анализа, анализа на докази и анализа на клучните прашања и дилеми во секторите во кои делува организацијата. Со помош на институциограм, учесниците ги дефинираа клучните актери и партнери што влијаат на активностите и одлуките на „Нексус“, ја анализираа надворешната средина и ги дефинираа факторите кои влијаат врз стратегијата на здружението.

По одржување на обуката следеше менторска работилница со партнерската организација ЦУП, на која се изготви нацрт верзијата на стратешкиот план за „Нексус“ за наредните четири години, како и Акцискиот план за 2020 година.

„Нексус – Граѓански концепт“ го спроведува проектот „Преку партнерство за создавање стратешки документи до одржливост и стабилност на локалните организации“ во партнерство со менторската организација Центар за управување со промени, финансиран од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“. Програмата ја спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а е финансирана од ЕУ.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...