Отворен повик за онлајн менторска поддршка на граѓански организации

1 Јул 2020

Граѓанскиот ресурсен центар објавува јавен повик за онлајн менторска поддршка на граѓанските организации во следните области:

  • Стратешко планирање
  • Застапување и учество во донесување одлуки на локално ниво
  • Волонтерство и организирање на волонтерска работа
  • Видливост и комуникациска стратегија на организациите

Заинтересираните граѓански организации можат да побараат поддршка во било која од горенаведените области.  

Менторската поддршка по организација трае од 2 недели до 2 месеци, во зависност од потребите. Менторската поддршка вклучува:

  • Онлајн работилница со организацијата на темата избрана за менторска поддршка; и
  • Четири до шест менторски денови за консултации и менторирање (он-лајн, телефонски) во соодветната област.  

Повикот е отворен до 30 април 2021 година за сите граѓански организации, но предност ќе имаат малите локални организации со годишен буџет до 20.000 евра во 2020 година.

Заинтересираните граѓански организации можат да се пријават преку пополнување на Барањето за онлајн менторска поддршка и негово поднесување на info@rcgo.mk.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи АДИ, Гостивар.

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This