fbpx

Отворен повик за обуки

2 Јан 2019

Oбјавуваме отворен повик за учество на следните две обуки:

  • Обука за институционален развој и организациско јакнење, 17-18 јануари 2019, Скопје
  • Обука за видливост и презентирање на резултатите на граѓанските организации, 22-23 јануари 2019, Скопје

Обуката за институционален развој и организациско јакнење има за цел да придонесе кон зголемување на знаењето и подобрувањето на вештините на учесниците за систематичен пристап во процесот на воспоставување на стратешки цели за тоа каде организацијата сака да се најде во иднина и клучни мерки за тоа како да стаса таму. Обуката ќе обезбеди методи, техники и алатки кои ќе придонесат кон зајакнување на организациите и нивните позиции кон другите актери во опкружувањето, преку стратешка анализа на контекстот во кој работат организациите, факторите кои влијаат врз успехот и неуспехот на организациите, како и анализа на клучните актери кои влијаат врз развојните интервенции на организациите. Обуката е дизајнирана да им помогне на организациите континуирано да размислуваат стратешки и да развијат свој стратешки план кој никогаш не смее да биде статичен и фиксен, туку треба да биде составен дел на еден континуиран и максимално флексибилен планирачки процес кој се заснова на широкиот концепт на институционален развој и организациско јакнење. Учесниците се очекува да имаат претходно искуство со прашања поврзани со управување со граѓанска организација и да имаат раководни улоги во својата организација (улога на извршно раководство, членови на управни одбори или раководители на средно ниво).

Преку обуката за видливост и презентирање на резултатите на граѓанските организации учесниците ќе го зголемат знаењето и вештините за развивање на односите со јавноста и со медиумите и за подобро презентирање на резултатите од својата работа со што ќе го подобрат својот имиџ. Учесниците ќе учат и практикуваат методи и техники за успешно планирање и спроведување на комуникациските стратегии на нивната организација. Со обуката се опфатени теми како развој на комуникациска стратегија, презентирање на резултати, презентациски вештини, подготовка на соопштенија за јавноста и организирање прес-конференции, комуницирање преку веб, правилна употреба на социјални мрежи и др. Заинтересираните претставници на граѓански организации треба да имаат искуство во односи со медиумите и во своите организации да се задолжени за односите со јавноста.

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава најдоцна до 10 јануари 2019 год. Пријавите се пополнуваат онлајн и се достапни на:

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...