Отворен повик за обуки – (февруари 2019)

28 Јан 2019

Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следните три обуки:

  • Обука за мобилизирање на ресурси, 7-8 февруари 2019, Скопје
  • Обука за транспарентност и отчетност на граѓанските организации, 11-12 февруари 2019, Скопје
  • Обука за тематско вмрежување, партнерства, коалиции, 27-28 февруари 2019, Скопје

На обуката за мобилизирање на ресурси откријте како вашата организација може да расте и да стане финансиски одржлива преку стратешко планирање на ресурсите и зголемена разноликост на донаторите. Учесниците ќе стекнат основни вештини и знаења за концептите на одржливост и мобилизација на ресурси, за идентификација на донаторите, за стратешки пристап кон обезбедувањето ресурси, како и за одржување на успешни релации со донаторите. Преку практични вежби, учесниците ќе учат за мапирање на изворите на финансирање, планирање на предлог проект, одредување индикатори на успех, комуникација со донатор, итн.

Обуката за транспарентност и отчетност на граѓанските организации ќе ви помогне во вашата организација да ги примените најдобрите практики за отвореност и транспарентност во сите активности и процеси на носење одлуки. Учесниците ќе го зголемат нивното знаење и вештини за воспоставување механизми за отчетно и транспарентно раководење и известување, за улогата на различните чинители и нивното консултирање и вклучување во работата, за различните пристапи за зајакнување на имиџот, кредибилитетот и легитимитетот на организацијата, како и за процесите на донесување одлуки во организацијата.

Обуката за тематско вмрежување, партнерства, коалиции им служи на граѓанските организации кои преземаат здружени акции и функционираат со заеднички приоритети. Учесниците ќе стекнат основни знаења; за комуникација и координација во мрежата и воспоставување тела за координација и управување; како и воспоставување на заеднички приоритети, цели и дејствување. Покрај тоа, ќе стекнат вештини за мерење на резултатите од работата во мрежа; како и основни вештини за градење, развивање и одржување различни нивоа на соработка со други организации и ентитети. На обуката учесниците преку практични вежби ќе учат за институциограм на мрежа, матрица на соработка во мрежа итн.

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава најдоцна до 1 февруари 2019 год. Пријавите се пополнуваат онлајн и се достапни на:

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...