Отворен повик за избор на обучувачи

26 Авг 2020

Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, распишува отворен повик за избор на обучувачи за спроведување на програмата за градење капацитети на граѓанските организации.

Една од главните цели на Граѓанскиот ресурсен центар е обезбедување услуги за градење капацитети на граѓанските организации за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери во македонското општество. За остварување на оваа цел е подготвена Програмата за градење на капацитети врз основа на анализата на потребите на организациите.

Обуките од Програмата за градење капацитети ќе бидат спроведени во текот на октомври – декември 2020. Секоја обука е планирано да трае по два работни дена и избраниот обучувач ќе има вкупно ангажман од 4 работни дена по обука, односно 1.5 дена за подготовка на обуката, два дена за спроведување и половина ден за известување.

Успешните кандидати треба да ги задоволуваат следните критериуми:

  • Да има завршено високо образование
  • Да има најмалку 10 години професионално искуство во граѓанско општество
  • Да има најмалку 5 години  професионално искуство во спроведување обуки
  • Да има спроведено најмалку три обуки на темата за која се пријавува
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини

Следат детали за темите за кои се потребни обучувачи:

  • Обука за генерирање на фондови

Целта на обуката е учесниците подетално да се запознаат со различните можности за финансирање на ГО како и различните методи, техники и алатки за подготвување на стратегии и планирање на активности за мобилизирање ресурси.  На обуката треба да бидат покриени следните теми: алатки, методи и вештини за генерирање на фондови; идентификување потенцијалните можности за финансиска одржливост на организацијата/извори, форми, активности за генерирање фондови; стратегии за мобилизирање на ресурси, финансиска одржливост и диверзификација на приходите во организацијата; акциски план за финансиска одржливост и сл.

  • Обука за управување со проекти

Целта на обуката е учесниците заедно со обучувачот да го поминат процесот на спроведување на проект. Ова е напредна обука на која учесниците треба да се стекнат со теоретско и практично знаење на теми како: проектно планирање, проектна администрација, проектно управување со буџет, финансиско и наративно известување, мониторинг и евалуација итн. Фокус на обуката треба да се стави на спроведување и управување со проекти финансирани од Европската Унија.

  • Обука за добро управување на граѓанска организација

Обуката има за цел да придонесе кон зајакнување на капацитетите на организациите за подобри практики на добро управување на ГО. На обуката учесниците треба да се стекнат со продлабочени знаења за теми како: елементи и процеси на управување со организацијата; улога на управните органи; односи меѓу извршни и управни органи; транспарентност и отчетност, судир на интерес и сл. Дополнително, на обуката учесниците треба подетално да се запознаат и со контекстот во кој делуваат организациите во државата.

  • Обука за институционален развој и организациско јакнење

Обуката има за цел да придонесе кон јакнење на капацитетите на граѓанските организации за подобра примена во пракса на алатките за нивно организациско јакнење и институционален развој. На обуката учесниците треба подетално да се запознаат со главните елементи на организацијата, институционална и организациска анализа, стратешка ориентација и планирање и сл.

  • Обука за тематско вмрежување, градење партнерства и коалиции

Целта на обуката е учесниците да ги осознаат преку практични примери методите и начините на вмрежување и креирање и управување со партнерства и коалиции. Учесниците, преку практични примери, треба да се стекнат со продлабочено знаење за организациска поставеност и структура на мрежи, механизми за саморегулација на мрежи, кодекс и систем на отчетност, внатрешна и надворешна комуникација и соработка, фактори на успешност на партнерствата и коалициите, мапирање на потенцијални партнери и сл.

Постапка за изразување интерес

Со цел да се пријавите за обучувач на некоја од горенаведените теми, треба да испратите: 

  • Писмо за изразување интерес, во кое е наведено за која позиција се пријавувате заедно со финансиска понуда изразена во нето сума по ден (кандидатот може да се пријави за спроведување на обуки на повеќе од една од дадените теми);
  • Предлог дневен ред за дводневната обука на дадената тема;
  • Професионална биографија;
  • Три препораки од слични работни ангажмани;
  • Дневен ред и листа на користени материјали од најмалку три спроведени обуки на истата тема.

Рок за пријавување на отворениот повик е 18 септември 2020 година. Целосната документација за изразување интерес треба да биде испратена на [email protected].

Доколку имате прашања поврзани со повикот може да ги поставите на: [email protected] до 3 септември 2020 година.

Изборот на обучувачи ќе биде направен на крајот од септември 2020 година врз основа на претходно утврдени критериуми.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...