Отворен повик за избор на обучувач

20 Авг 2019

Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, распишува отворен повик за избор на обучувач за спроведување на обука за обучувачи.

Една од главните цели на Граѓанскиот ресурсен центар е обезбедување поддршка за градење капацитети на граѓанските организации за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери во македонското општество. Една од активностите кои треба да придонесат кон оваа цел се и доделените осум грантови за организациски развој за зајакнување на капацитетите на малите организации кои делуваат на локално ниво со поддршка на други поразвиени граѓански организации – менторски организации преку партнерство, соработка и заедничко учење.

За да им се обезбеди поддршка на вклучените организации како и да се обезбеди воедначен пристап во процес на поддршка, Граѓанскиот ресурсен центар предвидува дводневна обука за сите организации корисници на грантовите, вклучително и менторските организации. Оваа обука е планирана за втората половина од септември 2019. Избраниот обучувач ќе има работен ангажман од 4 дена, односно 1.5 дена за подготовка на обуката, два дена за спроведување и половина ден за известување.

Успешниот кандидат треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Да има завршено високо образование и стекната диплома од релевантната област
  • Да има најмалку 10 години професионално искуство во граѓанско општество
  • Да има најмалку 8 години професионално искуство во спроведување обуки
  • Да има спроведено најмалку три обуки на темата за која се пријавува
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини

Постапка за изразување интерес

Со цел да се пријавите за обучувач, треба да испратите:

  • Писмо за изразување интерес, заедно со финансиска понуда изразена во нето сума по ден;
  • Предлог дневен ред за дводневната обука за обучувачи;
  • Професионална биографија;
  • Три препораки/референци од слични работни ангажмани

Рок за пријавување на отворениот повик е 30 август 2019 година. Целосната документација за изразување интерес треба да биде испратена на info@rcgo.mk.

Доколку имате прашања поврзани со повикот може да ги поставите на: info@rcgo.mk до 26 август 2019 година.

Изборот на обучувач ќе биде направен на почетокот од септември 2019 година врз основа на претходно утврдени критериуми.

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This