Отворен повик за две обуки од ГРЦ

16 Окт 2020

Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следните две обуки:

  • Обука за тематско вмрежување, градење партнерства и коалиции – 9, 11 и 13 ноември 2020
  • Обука за добро управување на граѓанските организации – 24, 25 и 27 ноември 2020

Обука за тематско вмрежување, градење партнерства и коалиции

Обуката им служи на граѓанските организации кои сакаат да преземаат здружени акции и да функционираат со заеднички приоритети. Учесниците ќе ги осознаат, преку практични примери, методите и начините на вмрежување, креирање и управување со партнерства и коалиции. На обуката, учесниците ќе се стекнат со знаење за структура на мрежи, воспоставување на заеднички приоритети, цели и дејствување, механизми за саморегулација на мрежи, внатрешна и надворешна комуникација, координација и соработка и сл.

Учесниците треба да бидат претставници на граѓански организации кои се дел од раководните или управните структури (директор, претстедател, член на УО и сл.), програмски раководители и лица задолжени за комуникација и соработка.

Обука за добро управување

Со обуката за добро управување, учесниците на практичен начин ќе ги надградат нивните знаења и вештини за добро управување и организациска структура, запознавајќи се со процесите на организациско управување, односите помеѓу извршните и управните органи, улогата на управните органи и нивните членови, управување со финансиите, транспарентност и отчетност, судирот на интереси и сл.

Учесниците треба да бидат претставници на граѓански организации со искуство во управување со граѓанска организација, кои се на раководни позиции во организациите (директор, претседател, раководител, застапник и сл.) или се членови на неизвршните органи како управниот одбор на организацијата.

Пријавување за обука

Обуките ќе бидат спроведени онлајн, при што секој ден обуките ќе траат по три часа (точното време од денот ќе биде дополнително утврдено во координација со избраните учесници).

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава и да ја испратат на info@rcgo.mk најдоцна до 27.10.2020.

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организацииво рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This