Основците во посета на Ресурсните центри

27 Дек 2019

Ресурсните центри од Скопје, Штип и Гостивар одржаа интерактивни информативни средби со ученици од локалните основни училишта на 27 декември 2019 година. Како „влезница“ за средбата, учениците донесоа рачно изработени украси од рециклирани материјали со кои ги украсија новогодишните елки на Ресурсните центри.

Учениците ги надградија нивните познавања за граѓанскиот сектор и граѓанските организации, се мотивираа за да волонтираат и размислуваа за тоа како можат активно да придонесат за заштита на животната средина.

Освен учењето, преку работа во групи имаа можност да ги споделат нивните искуства и размислувања по прашањата за заштита на животната средина, а потоа истите ги презентираа пред нивните соученици.

Учениците добија подароци од Ресурсниот центар кои ќе им помогнат да ја продолжат нивната амбиција за заштита на средината и волонтерството.

Граѓанското општество во Западен Балкан и Турција е поважно од кога било за процесот на интеграција во ЕУ

Граѓанското општество во Западен Балкан и Турција е поважно од кога било за процесот на интеграција во ЕУ

Во име на Европската комисија, DG NEAR, проектот ЕУ ТАКСО 3 го организираше Форумот за граѓанско општество на ЕУ за Западен Балкан и Турција 2022 година од 8 до 9 јуни 2022 година, во Скопје, Северна Македонија. Форумот е првпат да се одржува од почетокот на...

Граѓанските организации и медиумите придонесуваат кон прогрес и реформи во општеството

Граѓанските организации и медиумите придонесуваат кон прогрес и реформи во општеството

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, на 10 февруари 2022 година одржа консултативен состанок со граѓанските организации (ГО) за претстојниот Повик за проектни предлози во рамки на ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество и...

Онлајн консултации за Повик за предлози на граѓански и медиумски организации

Онлајн консултации за Повик за предлози на граѓански и медиумски организации

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува онлајн консултации за граѓанското општество и другите засегнати страни, заинтересирани да придонесат за дефинирање на приоритетните теми и други важни елементи на претстојниот Повик за предлози...

Share This