Организациите од Кавадарци тешко обезбедуваат финансирање

2 Окт 2019

Мобилниот ресурсен центар за организации од Кавадарци помина во знакот на отворениот повик за мали акциски грантови за застапување. Средбата се одржа на 27 септември во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, а во партнерство со Советот за превентива против малолетна деликвенција – СППМД.

Петре Мркев, од СППМД говореше за потешкотиите на организациите да обезбедат фондови за редовно функционирање. „Речиси сите се проектно-ориентирани и немаат професионално вработени членови, туку нивната работа се темели претежно на волонтерскиот ангажман на активните членови. Најчесто успеваат да обезбедат средства за кратки активности, кои не покриваат трошоци за ангажираниот персонал. Во последните години, ова е проследено со се помал интерес за волонтирање кај локалното население”, објасни Мркев. Дополнително, тој истакна дека позитивна страна е соработката со новото општинско раководство, пред се со градоначалникот Митко Јанчев, кој е многу поотворен за соработка и потранспарентен во поддршката на идеите коишто доаѓаат од граѓанските активисти и здруженија.

За време на средбата тимот на Граѓанскиот ресурсен центар ги презентираше можностите за финансирање,а учесниците се заинтересираа за новата програма за градење капацитети на граѓанските организации, која што треба да започне од октомври, како и за бесплатните простории на ГРЦ кои се даваат на располагање на здруженијата.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар исто така оствари средба и со Ненад Јовановиќ, лице ангажирано од општината за координација и соработка со граѓанските организации. Тој како позитивно искуство го посочи успешното спроведување на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (РеЛОаД), финансирана од Европската Унија, а спроведувана од УНДП, преку која се финансираат локалните организации.

Според него, самоодржливоста на организациите е најголемиот проблем, но исто така големо влијание има и фрагментираноста на општеството. Општината обезбедува објект за канцеларии на неколку активни организации во Кавадарци, меѓутоа, според изјавите на локалните организации критериумите и условите за распределба не биле целосно јасни.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...