Организациите се запознаа со работата во мрежи, партнерства и коалиции

15 Мар 2019

На обуката за „Тематско вмрежување, партнерства и коалиции“, 17 организации се запознаа со можностите за соработка во граѓанскиот сектор, градење на партнерства меѓу здруженијата, со компаниите и јавните институции, како и со различните методи, техники и алатки за комуникација, одржување на партнерски релации и коалицирање. Обуката се одржа на 27 и 28 февруари како дел од програмата за градење капацитети на Граѓанскиот ресурсен центар.

Во текот на обуката, посебно внимание се посвети на разграничување на термините мрежи, партнерства и коалиции. Покрај теоретскиот дел, учесниците имаа можност преку практични вежби да стекнат техники за мапирање потенцијални партнери, за мерење на успешноста на коалициите и партнерствата, а го проценија и сопствениот социјален капитал кој можат да го стават во функција на градење партнерства. Иако имаа различни очекувања, сите добија корисни знаења што ќе ги искористат за да ја подобрат нивната работа.

Како најкорисни делови на обуката учесниците ги издвоија практичните вежби и комплементарноста на темите. Најголем дел од нив изјавија дека дел од обуката ќе пренесат на нивните колеги од организацијата од која доаѓаат, а еден од учесниците ќе го искористи наученото за формирање социјално претпријатие и создавање мрежа на соработници.

Оваа беше последна од првиот циклус обуки кои ги организираше Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...