Онлајн консултации за Повик за предлози на граѓански и медиумски организации

4 Фев 2022

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува онлајн консултации за граѓанското општество и другите засегнати страни, заинтересирани да придонесат за дефинирање на приоритетните теми и други важни елементи на претстојниот Повик за предлози во рамките на ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2021 – 2022. Оваа онлајн консултација е отворена од 2-ри до 24-ти февруари.

Повикот за предлози треба да го одразува новиот стратешки пристап на ЕУ за регионот на проширување, утврден во програмската рамка на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) и во Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан (ЕИП) за 2020 година. Оваа нова рамка ги идентификува клучните области на политиката со цел да се унапреди социо-економскиот развој, да се обезбеди долгорочно закрепнување на регионот и да се придвижи напред на патот кон ЕУ.

Во овој контекст, граѓанските организации (ГО) имаат круцијална улога во идентификување на клучните области на политиката и вклучување во донесување политики и одлуки во различни тематски области. За таа цел, Европската комисија програмираше суштинска поддршка за граѓанските и медиумските организации преку ИПА Програмата Инструментот за поддршка на граѓанското општество и медиуми. Во овој контекст, овој Повик за предлози има намера да го поддржи вклучувањето на ГО во наведените области на политиката и да ги зајакне партиципативните демократии во земјата. Објавувањето на повикот е планирано за првиот дел од 2022 година.

Ве молиме да го пополните Прашалникот најдоцна до четврток, 24-ти февруари 2022 година, крај на работно време, за да може вашиот придонес да биде земен предвид во Упатствата на Повикот.

Прашалникот е достапен на https://mcms.limequery.com/233256?lang=mk  

Состојбата на младите во руралните општини е алармантна

Состојбата на младите во руралните општини е алармантна

Младите и можностите што граѓанските организации ги нудат за нив беа во фокусот на дискусијата за време на посетата на Мобилниот ресурсен центар во Теарце што се одржа на 19 септември 2023 година. „Имајќи предвид дека само 11% од општините во Македонија имаат...

Повик за учество на Работилница за планирање проекти и пишување на проектна апликација

Повик за учество на Работилница за планирање проекти и пишување на проектна апликација

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следнава работилница: Генерирање фондови- Работилница за планирање проекти и пишување на проектна...

Зајакнете ја вашата организација со поддршка на ГРЦ

Зајакнете ја вашата организација со поддршка на ГРЦ

🌟 Дали сте посветени активисти, членови или вработени во граѓанска организација, која неуморно работи на позитивни промени во заедницата? Ги разбираме специфичните предизвици со кои се соочувате, а нашите советодавни услуги постојано ви се на располагање за да ја...

Share This