Обука за финансиско управување, финансиска транспарентност и отчетност на граѓански организации

17 Јан 2020

Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на:

  • Обука за финансиско управување, финансиска транспарентност и отчетност на граѓански организации, 6-7 февруари 2020, Битола

Преку обука за финансиско управување, финансиска транспарентност и отчетност на ГО, претставниците на граѓанските организации ќе ги надградат своите знаења за:

  • Буџет и контрола на буџетот како алатки за управување и раководење со финансиите, нивните предности и недостатоци, методи и примери на изработка на буџети и ефективни контроли;
  • Долгорочни и краткорочни финансиски планови и проекти од аспект на диверзификација на фондови и различни карактеристики на финансиски извори;
  • Процедури во набавки и контрола на процесот како суштински дел од процесот на добивање соодветна вредност за парите од аспект на поголемите донатори и добри практики
  • Интерни контроли во насока на управување и контрола на ризиците во ГО особено усогласеност со прописи, измами и корупција;
  • Финансиско, управувачко и даночно сметководство од аспект на нивната различна намена но и комплементарност. Методи на алокација на трошоци;
  • Сметководство и поврзаниполитики, процедури и следење на циклуси на активности;
  • Даноци во 2020 година од аспект на ГО;
  • Транспарентност и отчетност начин ГО да покажат дека нивните активности се во склад со декларираните вредности;
  • Финансиски извештаи во функција на транспарентност и отчетност за различни намени и различни сметководствени рамки со посебен акцент на домашното законодавство споредено со европското;
  • Интерна и независна ревизија и нивните постапки, цели и извештаи.

Обуката е наменета за претставници на граѓански организации. Заинтересираните треба да ја пополнат пријавата (во прилог) и да ја испратат на info@rcgo.mk најдоцна до 16:00 часот на 27.01.2020.

Апликациите што не се целосно пополнети нема да бидат земени предвид при избор на учесници за обуката.

Обуката е дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организацииво рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This