Обнова на општинските стратегии побараа ГО од Македонска Каменица

23 Окт 2018

Ревидирање на начинот на распределба на буџетот наменет за граѓанските организации (ГО), формирање фонд за обезбедување на финансиското учество на ГО, развивање на стратегии и планови од страна на општината и организирање почести средби за дискусија со организациите, се дел од препораките кои ГО ги упатија до општина Македонска Каменица во текот на дебатата што се одвиваше како дел од Мобилниот ресурсен центар кој се одржа на 22 октомври 2018 година.

На средбата учествуваа 23 претставници на граѓанските организации, Советот на општината, општината, училиштата, јавните претпријатија итн.

Соња Стаменкова, градоначалничка на Македонска Каменица, истакна дека општината годишно доделува грантови на граѓански организации во износ од пет милиони денари, но потребно е дополнително зајакнување на соработката кое ќе придонесе кон подобрување на животот на граѓаните.

Една од главните точки на дискусија беше начинот на распределба на средствата за граѓанските организации соодветното трошење на средствата од општината, со оглед на тоа што предвидената методологија е застарена и не се почитува. Претставниците на ГО потенцираа дека спортските клубови и активности се финансираат од истите средства со кои се финансираат организациите. Дополнително, тие велат дека организациите не се отчетни, се плаќаат само фактури и сметки, а нема видливи резултати.

Најголем дел од присутните досега немаат аплицирано за проект финансиран од друг донатор освен општината, главно поради недоволна информираност и ниска подготвеност за пишување апликации. Оние кои имаа поголемо искуство на ова поле, ги охрабрија останатите да работат на едукација на нивните целни групи и да соработуваат со другите организации со цел да го зајакнат своето портфолио, како и да ги подобрат своите капацитети.

Во текот на средбата, тимот на Мобилниот ресурсен центар ги претстави своите активности, насочени кон заживување на граѓанскиот сектор преку повеќе типови на помош, вклучувајќи и обуки.

Вакви средби се предвидени во повеќе општини во Македонија, во рамките на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...