Малите локални организации покажаа голема заинтересираност за отворениот повик за партнерски грантови за организациски развој. Повикот беше објавен на 8 април 2019 година а рокот за поднесување на пријави е 8 мај 2019 година до 17 часот. Целта на овој тип грантови е да се зајакнат капацитетите на малите граѓански организации кои делуваат на локално ниво во партнерство со поразвиени граѓански организации.

Покрај информативните сесии одржани во Скопје, Струмица, Кичево и Битола, заинтересираните организации имаа можност да поставуваат прашања по е-пошта до 25 април. Во зададениот период беа испратени околу 20 прашања. Одговорите на овие прашања се достапни во следниот документ.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.