Нови десет организации ќе се фокусираат на доброто управување

20 Дек 2018

Запознавањето со основните организациски документи, системи, процедури и структурата на една граѓанска организација се меѓу најважните придобивки за учесниците на дводневната обука за добро управување на граѓански организации.

На 18 и 19 декември 2018 година, 10 претставници на граѓанските организации дискутираа, отвораа нови прашања и преку вежби учеа за принципите и елементите на доброто управување, за основните процеси на организациско управување, за организациска структура, за односите помеѓу извршните и управните органи, улогата на управните органи и нивните членови, судирот на интереси, организациски политики и документи и сл.

Во оценката на обуката, најголемиот дел од учесниците изјавија дека нивните знаења и вештини се зголемени, дека обуката претставува мотив за подобрување на работата на сопствените организации и дека по обуката ќе се фокусираат на изработка и доработка на внатрешните документи, правилници и процедури во нивните организации.

Обуката се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, а ја спроведоа Емина Нурединоска и Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Оваа обука е прва од низата обуки кои ќе следат во следните два месеци а ќе бидат спроведени во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...