Нови 18 активисти обучени за институционален развој и организациско јакнење

22 Јан 2019

Новите алатки за анализа беа оценети како најкорисниот дел од обуката за институционален развој и организациско јакнење од страна на учесниците. Најголем дел од нив рекоа дека ќе направат презентација на наученото во нивните организации и ќе ги ревидираат нивните стратешки документи.Граѓанскиот ресурсен центар на 17 и 18 јануари 2019 година во своите простории ја одржа обуката за 18 претставници на граѓанските организации.

Во рамки на оваа обука учениците се запознаа со концептот на институционален развој и организациско јакнење, со елементите на Интегрираниот организациски (ИОМ) модел, како и со алатките за институционална и организациска анализа. Тие на обуката добија теоретски знаења, а потоа и практично правеа институционална и организациска анализа, базирано на ИОМ-елементите.

Во рамки на Институционалната анализа, учесниците најпрво работеа на дефинирање/ ревидирање на визијата и мисијата на нивните организации; потоа направија ПЕСТ-скенирање на оперативната околината во кое ги анализираа политичко-правните, економските, социолошките и технолошките фактори кои влијаат на нивните развојни интервенции; и изготвија институциограм во рамки на кој ги дефинираа актерите опфатени со нивните развојни интервениции и нивните меѓусебни односи.

Организациската анализата беше направена базирано на внатрешните ИОМ-елементи, а потоа и двете анализи (институционална и организациска) беа меѓусебно поврзани со помош на алатката SWOT.

Понатаму, врз основа на SWOT-анализата, учесниците ја  изготвија СОР-матрицата за стратешка ориентација, се запознаа со значењето на стратешките цели и форматот на стратешкиот план кој треба да биде изготвен врз основа на претходно направените анализи.

Обуката се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, а ја спроведоа Александар Кржаловски и Валентина Чичева од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Оваа е дел од низата обуки кои ги организира Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...