Нова грантовска поддршка од ЕУ за младински активизам

22 Дек 2020

На 17 декември, Делегацијата на Европската Унија во Скопје ги консултираше граѓанските организации за тематските приоритетите и потенцијалните активности што ќе бидат финансирани со претстојниот Повик за предлози од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) 2020, Инструмент за поддршка на граѓанското општество. Повикот за предлози Поддршка на граѓански младински иницијативи, активизам и волонтирање во локалните заедници ќе биде објавен во првиот квартал од 2021 година. Главната цел на Повикот е да го поддржи зајакнувањето на младите и нивната економска независност и да го промовира младинскиот активизам. Со него ќе бидат опфатени три приоритетни сектори: а) Младински активности за подобар просперитет и иновативност во локалните заедници; б) Младински активизам и волонтирање во подобрување на отпорноста и зазеленување на локалната заедница; в) Младинска работа за обезбедување социјална инклузивност на локалната заедница. Во секој од приоритетите, особено ќе се води сметка за родовата еднаквост.

„Се’ помалку млади се во граѓанскиот активизам“, рече Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија. „Затоа сакаме да поддржиме иницијативи од младите. Со тоа, младите да бидат поамбициозни, да не бидат статични, да гледаат напред. Во првиот квартал во 2021 година ќе објавиме повик, преку кој ќе доделиме два милиони евра. Но ќе се доделат на организации во кои проектните тимови се 75% млади под 30 години, од тоа, 50% да бидат жени, а останатите 25% од ангажираните, може да бидат повозрасни, објасни Бертолини. Соработка со локални власти е исто така многу битна“, истакна Бертолини.

Учесниците во консултациите истакнаа дека е потребна системска поддршка за вклучување на младите во општините, кои се главен двигател на нашето општество. Исто така, ги нагласија промените во структурата на младинските здруженија кои се должат на генерациските промени и иселувањето. Па така, здруженијата кои почнале со многу членови, активности и настани, со текот на времето, заради заминување на студии или во странство, се соочиле со намалување на членството и активностите.

Ирена Иванова, одговорна за граѓанско општество во Делегацијата на Европската Унија, информираше дека очекуваната временската рамка за проектите би требало да биде од 24 до 40 месеци. При тоа, волонтирањето може да се третира како кофинансирање. Иванова исто така  истакна дека општините не можат да бидат апликанти, ниту коапликанти, меѓутоа , важно е локалните власти да бидат вклучени, односно да бидат партнери во проектот, а значајни ќе бидат иницијативите на локално ниво и иновативантниот пристап.

Иванова ги покани организациите писмено да ги достават своите потреби и приоритети  најдоцна до 28.12.2020) на: [email protected].

Организирањето на настанот беше поддржано од Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...