Нов Закон за заштита на лични податоци- Колку ќе се применува во пракса?

27 Авг 2020

Новиот Закон за заштита на личните податоци; неговото усогласување со Општата уредба за заштита на податоците на ЕУ, подобро позната како GDPR; како и влијанието на овие процеси врз граѓанските организации беа главните теми на онлајн дискусијата која ја организираше Граѓанскиот ресурсен центар. Фрејк Јанмат, претставник на Делегацијата на Европската унија, во својот воведен говор ја издвои Уредбата како документ кој го задоволува најпрогресивниот и највисокиот правен стандард за заштита на податоци. Таа е одговор на модерниот дигитален свет и инспирираше други слични уредби и закони низ светот.

Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители, се осврна на тоа како нашиот нов Закон за заштита на лични податоци се усогласува со европската регулатива. Таа потенцираше дека новиот закон е прилично обемен, но останува да се види како новата законска рамка постепено ќе воспостави соодветна пракса. „Потребно е внимателно, детално и макотрпно работење на државните органи за да се обезбеди ефикасно работење на институциите, но од друга страна потребно е разумно и лимитирано навлегување во приватноста на граѓаните. Прашањето во кои случаи би преовладал јавниот или приватниот интерес, ми изгледа доста избалансирано во новиот закон“, појасни Дамјановска.

За меѓународните искуства и предизвиците од применувањето и усогласувањето со GDPR, говореше Станко Церин, претседател на Здружението за лични податоци од Хрватска. Според него, уредбата е одлично напишана, но нејзината примена е далеку од конзистентна меѓу различните земји и институции за заштита на податоците. „Приватните правни субјекти се оние кои според новите закони мора да платат големи казни доколку не ги почитуваат новите правила, но од друга страна јавните претпријатија и другите државни институции не одговараат за истите прекршоци“, вели Церин.

Билјана Волческа, од Агенцијата за заштита на личните податоци, ја појасни улогата на оваа институција и зголемените ингеренции кои ги има по донесувањето на новиот закон. Агенцијата подготвила 13 подзаконски акти кои се однесуваат на безбедност на податоците, пренос на податоци во трети земји, листи на операции коишто имаат висок ризик, итн.

За улогата на граѓанските организации при заштитата на податоците говореа претставници на неколку здруженија кои работат токму на ова поле.

Поднесувањето претставки до Агенцијата за заштита на лични податоци и досега беше право на граѓанинот, но од годинава првпат се дава можност здружението „Прајваси“ да даде придонес за преточување на законот во реалност. Димитар Ѓеорѓиевски, претседател на „Прајваси“, вели дека секој субјект може да пристапи до здружението без некој формален начин и да го овласти за да го застапува по прашање на прекршување на нивните права во однос на овој закон.

Елена Стојановска, од здружението „Метаморфозис“, меѓу другото ги издвои апликациите Мој ДДВ и Стоп Корона како најпрепознатливи примери каде реагирале поради непотполни податоци во политиката за приватност на корисниците на овие апликации.

Арбен Гудачи, од Македонското здружение на млади правници, претстави дел од анализата на новиот закон за заштита на лични податоци како и неговото влијание врз граѓанскиот сектор. Препораките ја истакнуваат потребата од едуцирање на здруженијата по ова прашање, како и унифицирање на политиката на приватност за граѓанскиот сектор.

Токму и дискусијата на крајот од дебатата ги потврди препораките од оваа анализа, бидејќи учесниците побараа поедноставен прирачник според кој ќе можат да ги прилагодат внатрешните политики на нивните организации и да работат во согласност со новиот закон.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...