„Нов мост“ ја поставуваат основата за силна и стабилна организација

3 Дек 2019

Во периодот од јуни до ноември 2019 година, здружението „Нов мост“ од Прилеп беше во процес на јакнење на капацитетите на членството и организацијата. Нивната менторска организација „Мировна акција“, направи проценка на капацитетите на Нов мост како дел од нивниот партнерски грант од Граѓанскиот ресурсен центар.

Според проценката, Нов мост е се уште во фаза на раѓање. Откако ги идентификуваа главните полиња за развој, двете организации подготвија план за менторирање и спроведоа три од предвидените шест обуки. 

Како резултат на овие три обуки, досега се разгледаа внатрешните документи на организацијата, се направи ревизија на статутот, целите, вредностите, мисијата и визијата. Освен тоа, членовите започнаа со разговори за формирање организациска структура, а исто така, тие добија нови вештини за финансиска администрација во граѓански организации.

Во наредниот период до февруари 2020 година, предвидено е да се реализираат преостанатите обуки за стратешко планирање; пишување на предлог проекти и проектен циклус; како и изработка на план за медиумска застапеност.

Здружението „Нов мост“ Прилеп го спроведува проектот „ Од грасрут до цврсто стебло“ во партнерство со менторската организација Мировна акција, финансиран од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“. Програмата ја спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а е финансирана од ЕУ.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...